Ландтаг на Шлезвиг-Холштајн![]() Ландтаг на Шлезвиг-Холштајн (германски: Schleswig-Holsteinischer Landtag) — покраински парламент на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Заседава во покраинскиот главен град Кил и моментално се состои од 69 членови од шест политички партии. Негови главни надлежности се во образованието, културата, регионалното планирање и домашната политика. Моментално мнозинство има коалицијата предводена од Социјалдемократската партија на Германија, Зелените и SSW, која ја поддржува владата на министерот-претседател Торстен Албиг. Ландтагот одржува партнерства со парламентот на Западнопоморското Војводство, обласната дума на Калининградската Oбласт и парламентот на Поморското Војводство. СедиштеОд 1950 година, Ландтагот заседава во Покраинската куќа (Landeshaus) во Кил, која била изградена во 1888 година како Кралска поморска академија. До 1950 година, Ландтагот заседавал во Либек, Фленсбург и Екернферде, покрај во Кил. Од неговата обнова во 2003 година, Ландтагот поседува нова плернарна сала во објектот. Моментален состав![]() По изборите на 6 мај 2012 година, составот на Ландтагот е следен:[1] Изборите се спроведуваат користејќи го пропорционалниот изборен систем, каде се потребни освојување на минимум од 5% од гласовите за да се добие место во Ландтагот. Ова правило не важи во случајот на Изборниот сојуз на Јужен Шлезвиг, кој ги претставува данското и фризиското малцинство во Шлезвиг-Холштајн и со тоа е исклучок од правилото на 5%. Претседатели на ЛандтаготДосега, претседатели на Ландтагот на Шлезвиг-Холштајн биле:
Наводи
Надворешни врски
54°20′06″N 10°09′11″E / 54.335°N 10.153°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia