Западнопоморско Војводство
Западнопоморско Војводство (полски: województwo zachodniopomorskie) — војводство во северозападна Полска кое се граничи со Поморското Војводство на исток, Големополското на југоисток, Лубушкото на југ, Германија (Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург) на запад и Балтичкото Море на север. Седиште и најголем град е Шчеќин. Основаноо е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Шчеќинско и Кошалинско, како и делови од други соседни војводства, согласно управната реформа усвоена претходната година. Го носи името на историската област Поморје. Иако е наречено „западнопоморско“, војводството не ги опфаќа најзападните делови на областа; тие денес ѝ припаѓаат на Западна Померанија (Vorpommern) во Германија. Латинизираниот назив Померанија (Pomerania) и германизираното Pomern се изведени од словенското по море или „приморје“.[1] Географија и знаменитостиЗападнопоморското војводство е петто по големина во земјата. Позначајни градови се Шќечин, Кошалин, Старгард и Швиноујшќе. Ова е живописна област во балтичкиот брег, со многу плажи, езера и шумовити предели. Шчеќин, Швиноујшќе и Полице се поажни пристаништа. Други поголеми приморски места се Мјенѕиздроје, Ѓвинув, НаселениеСè до 1945 г. областа била дел од Германија. По Втората светска војна, подрачјето ѝ е предадено на Полска согласно барањата за прекрокување на границите наметнати од СССР со Потсдамскиот договор. Највеќето Германци пребегале или биле истерани, и а на нивно место се населени Полјаци, од дотогашна Полска или преселени од полските подрачја припоени кон СССР. Во 1948 г. 67 % од населението го сочинувале дојденци од средна Полска, Големополска и Помералија, а 25 % биле преселници од полските краишта припоени кон СССР. Други 6 % биле повратници во Полска од Западна Европа. Околу 50.000 Украинци се принудно преселени во областа во операцијата „Висла“ од 1947 г.[2] Градови и гратчиња![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Војводството има 64 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[3]
Во 2012 г. полските делови на историската област Западно Поморје (Шчеќин, Швиноујшќе и Поличкиот округ) имале вкупно 520.000 жители, додека пак германските окрузи (Западна Померанија-Риген и Западна Померанија-Грајфсвалд) заедно имале 470.000 жители. Така, може да се рече дека Западното Поморје има околу милион жители. Управна поделбаЗападнопоморското Војводство е поделено на 21 округ, од кои 3 се градски, а 18 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 114 општини.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia