Лига на шампиони во ракомет за жени 2018-2019 - Групна фаза Групната фаза на Лигата на шампионите во ракомет за жени 2018-2019 започнала на 5 октомври и ќе заврши на 18 ноември 2018 година. Вкупно 16 екипи се натпреваруваат за 12 места кој водат во главната фаза на Лигата на шампионите во ракомет за жени 2018-2019.
Ждрпка
Ждрепката за групната фаза била извлечена на 29 јуни 2018.[1]
Носители
Носителите биле објавени на 20 јуни 2018.[2]
Формат
Во секоја група, екипите играат едни против други во двоен раунд-робин (round-robin) формат, со натпревари дома и на гости. По завршувањето на натпреварите во групната фаза, првите три екипи ќе обезбедат учетво понатаму во главната фаза. Во оваа фаза екипите нема да можат да се соочат со противници од истата земја во својата група.
Бодување
Во групната фаза, екипите се рангираат според бодовите (2 бода за победа, 1 бод за нерешено, 0 бодови за пораз). По завршувањето на групната фаза, ако две или повеќе екипи постигнале ист број бодови, рангирањето ќе се определи на следниов начин:
- Најголем број бодови во натпреварите меѓу директно вклучените екипи;
- Најдобра гол-разлика во натпреварите помеѓу екипите кои се директно вклучени;
- Најголем број постигнати голови во натпреварите помеѓу директно вклучените екипи (или во гостинскиот натпревар во случај двете екипи да се изедначени во бројот на постигнати голови);
- Најдобра гол-разлика во сите натпревари од групата;
- Најголем број на плус голови во сите натпревари од групата;
Ако се утврди рангирањето на еден од овие екипи, гореспоменатите критериуми последователно се следат сè додека не се утврди рангирањето на сите екипи. Доколку не може да се утврди рангирањето, ЕХФ ќе донесе одлука со помош на ждрепка.
За време на групната фаза, се применуваат само критериумите 4-5 за одредување на привременото рангирање на екипите.
Групи
Група А
Група Б
Група Ц
Група Д
Наводи
Надворешни врски
|