Шведски јазик
Шведски јазик (svenska) — северногермански јазик од семејството на индоевропски јазици, кој се зборува од околу 10 милиони луѓе,[2] воглавно во Шведска и Финска. Јазикот е сроден и многу сличен со норвешкиот и данскиот. Шведскиот моментално е најголемиот северногермански јазик по број на говорници. Стандардниот шведски е национален и службен јазик во Кралството Шведска и се заснова на централношведските дијалекти. Шведскиот е службен јазик и во Финска. Стандардната норма почнала да се развива во 19 век, а веќе во раниот 20 век бил стандардизиран. Зборовниот редослед на шведскиот јазик е подмет-прирок-предмет, но овој редослед може понекогаш и да се измени. Шведската морфологија е слична со англиската, односно јазикот има неколку инфлекции, два рода, два падежа и два броја. Во јазикот постојат номинативот и генитивот, но можат да се пронајдат и остатоци од акузативот и дативот. КласификацијаШведскиот е индоевропски јазик, кој е дел од подгупата на северногермански јазици од групата на германски јазици. Во рамките на северногерманските јазици, шведскиот е дел од источноскандинавските јазици, заедно со данскиот. Дел од западноскандинавските јазици се фарскиот, исландскиот и норвешкиот. Сепак, скорешни истражувања ја потврдуваат класификацијата на островски скандинавски јазици (фарски и исландски) и континентални скандинавски јазици (дански, норвешки и шведски). Поради големата сличност меѓу континенталните скандинавски јазици, тие може да се сметаат за дијалекти на еден заеднички скандинавски јазик. Сепак, поради големото соперништво меѓу Данска и Шведска, вклучително и серија војни во 16 и 17 век, во XIX и XX век се пројавиле националистичките идеи и со тоа јазиците се стекнале со различни правописни норми, вклучително и речници, граматики и регулаторни тела. Јазичарите понекогаш тврдат дека данскиот, норвешкиот и шведскиот сочинуваат дијалектен континум на еден (скандинавски) јазик.[3] Географска распространетостШведскиот е национален јазик на Шведска и мајчин јазик на околу 8 милиони Швеѓани во Шведска, и втор јазик на уште милион имигранти во државата. Според податоците од 2007 година, околу 5.5% од вкупното население на Финска зборуваат на шведски.[4] Бројот на луѓе кои зборуваат шведски во Финска се намалува во последните 400 години.[5] Швеѓаните во Финска се сконцентрирани на финското крајбрежје и на финските острови, меѓу кои и Оланд, каде е единствен службен јазик.[6] СтатусШведскиот е официјално главен јазик во Шведска.[7][8] Јазикот долго време се употребувал во локалната и државна власт, како и во образованието, но не бил прогласен со закон како службен јазик во државата до 2009 година. Шведскиот е службен јазик во Оланд во Финска. Јазикот е исто така официјален на целата територија на Финска, покрај финскиот. Шведскиот е исто така службен јазик во Европската Унија и работен јазик во Нордискиот совет. ДијалектиСпоред традиционалната поделба на шведската дијалектологија, јазикот е составен од шест големи наречја::[9]
ПравописШведската азбука има 29 букви, од кои 26 се стандардни латинични букви, а три се со наредни знаци: Å/å, Ä/ä, и Ö/ö. Овие букви биле создадени во 16 век. До 2006 година буквата w се сметала за варијанта на v, која се користи само за странски зборови и имиња. Во јазикот понекогаш се корости и буквата e со надреден знак (é) за означување на акцентот кај некои зборови. Покрај неа, во јазикот се користи и буквата a со надреден знак (à). Германската ü се смета за варијанта на y и понекогаш се пишува кај некои странски имиња. Невообичаено е за шведскиот да се заменуваат буквите со надредни знаци со останати букви, каква што е праксата во германскиот да се пишува oe наместо ö на пример. ФонологијаШведските дијалекти имаат 17 или 18 самогласки, 9 долги и 9 кратки. Покрај нив, во јазикот има и 18 согласки. Јазикот има два тона, што му ја дава карактеристичната звучност на јазикот. ![]()
Примери
Vår fader som är i Himmelen. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia