Јалмар Брантинг
Карл Јалмар Брантинг (швед. изг. [ˈjǎlmar ˈbrânːtɪŋ] ( ЖивотописРоден во семејството на професорот Ларс Габриел Брантинг и благородничката и пијанистка Ема аф Георгии, Брантинг се школувал во Стокхолм и на Упсалскиот универзитет. Тој развил научна основа во математичката астрономија и бил помошник во стокхолмшката опсерваторија, но се откажал од својата посветеност на научната работа за да стане новинар во 1884 година и почнал да ги уредува весниците Tiden и Social-Demokraten. Вториот бил службен медиум на Шведската Социјалдемократска партија.[1] Неговата одлука да објави напис од порадикалниот социјалист Аксел Даниелсон, текст кој противниците го осудиле како навредлив за верските чувствителности, резултирало со политички убедувања за богохулење и затвор за двајцата мажи.[2] Брантинг бил затворен три месеци во 1888 година.[3] Заедно со Август Палм, Брантинг бил еден од главните организатори на Шведската социјалдемократска партија во 1889 година. Тој бил нејзин прв пратеник од 1896 година и шест години единствениот. Во раните години на 20-от век, Брантинг ги предводел социјалдемократите во спротивставувањето на војната за сочувување на Норвешка обединета со Шведска. Кога дошла кризата во 1905 година, тој го измислил слоганот „Тргнете рацете од Норвешка, крале!“ Социјалдемократите организирале отпор кон повикување резерви и општ штрајк против војна и се заслужни за значителен удел во спречувањето на една војна. Брантинг ја прифатил ревизијата на марксизмот на Едуард Бернштајн и станал реформски социјалист, заговарајќи мирна транзиција од капитализмот кон социјализмот. Тој смета дека доколку на работниците им се даде гласот, тоа може да се постигне на парламентарни начини. Брантинг ја поддржал Февруарската револуција во Русија во 1917 година. Тој бил променшевички и ја бранел владата на Александар Керенски, кого дури и лично го посети во Петроград. Кога избувнала Октомвриската револуција истата година, Брантинг го осудил болшевичкото преземање на власта. Во 1917 година дојде до раскол во Шведската социјалдемократска партија по ова прашање, а младинската лига и револуционерните делови на партијата се отцепиле и ја создале Социјалдемократската левичарска партија на Шведска, предводена од Зет Хоглунд. Оваа група наскоро станала Шведската комунистичка партија. Хоглунд подоцна се вратил во Социјалдемократската партија и напишал животопис во два тома за Брантинг. Како премиер, Брантинг ја внел Шведска во Друштвото на народите и лично бил активен како делегат во неа. Кога било поставемп прашањето дали Оланд треба да и биде предаден на Шведска по осамостојувањето на Финска од Русија, тој го оставил Друштвото на народите да одлучи по ова прашање. Тој бил награден со Нобеловата награда за мир во 1921 година за неговата работа во Лигата на народите, делејќи ја наградата со Норвежанецот Кристијан Лоус Ланге. Споменици![]() Брантинг е одбележан со Брантинговиот споменик во Стокхолм. Дополнително во Гетеборг, постои трамвајска и автобуска клучка именувана по Брантинг (шведски : Hjalmar Brantingsplatsen). Стокхолмшкиот плоштад (Stockholms Plads) во Копенхаген бил преименуван во Плоштад „Јалмар Брантинг“ (Hjalmar Brantings Plads) во 1925 година. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia