Јестрикланд
Јестрикланд (швед. ⓘ) е историска покраина (landskap) на источното крајбрежје на Шведска. Се граничи со покраините Упланд, Вестманланд, Даларна и Хелсингланд, и со Ботнискиот Залив. Јестрикланд е најјужната покраина во крајот Норланд. УправаТрадиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на Јестрикланд, покраината го опфаќа јужниот дел на административниот округ Јевлеборг. ГеографијаЈестрикланд честопати се нарекува „Врата кон Норланд“ бидејќи била минувалиште за оние што оделе во овој северен крај, кој во минатото бил ретко населен, неистражен и покриен со шуми, планини и езера. Геслото на покраината гласи „Железното Кралство“ (Järnriket). Главните делови на Јестрикланд се состојат од рамничарски предели, кои на југ и исток преоѓаат во плодни земјоделски површини. На север и запад теренот станува ридест, пошумен и непогоден за обработка. Во северозападниот агол се наоѓа највисоката планина во покраината, наречена Лустигкноп (Lustigknopp, букв. „смешна качулка“), со висина од 402 м. Планината е тромеѓе кајшто се среќаваат покраините Јестрикланд, Хелсингланд и Даларна. Покраината нема многу големи водни површини, но изобилува со мали езера, кои вкупно сочинуваат 1⁄10 од територијата. Најголемо езеро е Стуршен, со површина од 72 км2. Во Јестрикланд се наоѓа и националниот парк Фернебофјерден. Населени места
ИсторијаСè до XIV-XV век, Јестрикланд бил дел од Упланд. Рударството и железарството се најзначајни гранки уште од V век, особено во Хуфорш и Сандвикен. Овие места и денес произведуваат наменски челик и други послебни метали, и вработуваат околу 6.500 луѓе. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia