Лапонија (Шведска)За регионот во Финска, видете Лапонија (Финска).
![]() Лапонија (од лат. Lapponia) или Лапланд (швед. Lappland) е покраина во крајниот северен дел на Шведска. Се граничи со покраините Јемтланд, Онгерманланд, Вестерботен, Норботен, како и Норвешка и Финска. Зазема околу 1⁄4 од површината на Шведска. Историската област Лапонија во прво време се протегала и на исток. Меѓутоа во 1809 Русија го презела источниот дел од шведска Лапонија, така создавајќи го Големото Кнежевство Финска. Од таа причина и денес Лапонија се дели на шведска и финска. УправаТрадиционалните покраини во Шведска немаат административна и политичка улога, туку претставуваат чисто културно-историски целини. Административно Лапонија спаѓа под окрузите Норботен (север) и Вестерботен (југ). Граѓаните од лапонско потекло можат да гласаат и да се кандидираат на изборите за Лапонското собрание, што важи и за Лапонците било каде во Шведска. Лапонскиот има службен малцински статус во општините Кируна, Јеливаре, Јокмок и Арјеплуг. НаселениеНа 31 декември 2009, шведска Лапонија имала 94.350 жители.[1] Заедно со остатокот од историската област Лапонија, населението брои вкупно 125.000 жители.[2] Најголем град е Кируна (18.154 жители).[3] ГеографијаДелови од Лапонија наречени „Лапонска област“ се прогласени за светско наследство на УНЕСКО. Во покраината се наоѓа еден од најстарите и највпечатливите национални паркови во Европа, Сарек (осн. 1909). Лапонија зафаќа површина од 109.702 км², речиси колку Португалија. Национални парковиИсторијаИсторијата на Лапонија во голема мера е поврзан со историјата на Норботен и Вестерботен, бидејќи Лапонија е историскиот регион на овие подрачја. Во Средиот век, Лапонија се сметала за ничија земја. Во неа всушност живееле номадските Лапонци (Сами), на кои подоцна им се придружиле шведски, фински и норвешки доселеници (особено во крајбрежните предели и покрај големите реки). Шведските кралеви правеле напори да ја колонизираат и христијанизираат областа, но ова потрајало доста долго време. Дури и денес локалните малцинства ја имаат задржано својата култура и обичаи. Ова не е случај со религијата. Во XVII и XVIII век Лапонците го напуштиле домородниот шаманизам и го примиле лутеранското христијанство. Во XIX век навлегло лестадијанското лутеранство. Природните ресурси (хидроенергијата, дрвената граѓа и рудите, особено железото) на Норботен одиграле клучна улога во индустријализацијата на Шведска во текот на XX век, што предизвикало масовни преселби на населението од север кон југ и обратно. Меѓутоа, во последните децении поради значителната невработеност младите се селат од родниот крај во крајбрежните и јужните делови на Шведска. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia