Вестманланд
Вестманланд (швед. ⓘ) е историска покраина (landskap) во средна Шведска. Се граничи со покраините Седерманланд, Нерке, Вермланд, Даларна и Упланд. Името е изведено од поимот „западни луѓе“, што се однесува на населението западно од Упланд, средишна покраина на дамнешна Шведска. УправаТрадиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на Вестманланд, административниот округ Вестманланд го зафаќа само источниот дел на покраината. Западниот дел му припаѓа на округот Еребру. ГеографијаТеренот на север и северозапад е карпест. Тука се сместени највисоките планини: Елвхејден (422 м) и Килершклак (408 м). Останатите делови на покраината се главно рамничарски. Најголемо езеро е Меларен, кое лежи на јужната граница на покраината. Ова е трето езеро по големина во земјата.
Западен Вестманланд во минатото припаѓал на рударското подрачје Бергслаген. ИсторијаНајстар град во Вестманланд е Вестерос, основан околу 990. Најпрвин бил покраински центар, а од 1120 и седиште на Вестероската епархија. Вестерос и денес е најголем град во покраината. Градот и неговата општина бројат 130 000 жители. Во минатото, статус на град имале Арбуга, (од XII век), Шепинг (од 1474), Сала (од 1624), Линдесберг и Нура (обата од 1643), и Фагерста (1944). Во 1971 е градот е укинат како управна единица (за сметка на општината), па затоа овој статус денес е чисто историски . Рудниците Нурберг и Хинскатеберг датираат од XIV век. Рудникот Линдесберг е отворен во XVI век. ЗнаменитостиСтарата Енгелсбершка железарница е прогласена за светско наследство на УНЕСКО. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia