Даларна
Даларна (швед. ⓘ) или Далекарлија — историска покраина (landskap) во средна Шведска. Се граничи со покраините Херједален, Хелсингланд, Јестрикланд, Вестманланд и Вермланд. На запад се граничи со Норвешка. Името на покраината значи „долини“. Ова е популарно летно одредиште за жителите од југот поради добриот риболов, убавите кампови и густите шуми. Побогатите имаат викендички. Лете во селата и градовите се одржуваат разни слави и фестивали со народни игри. Покраината има богата историја и свои зачувани обичаи и наречје. Во историјата жителите на Даларна биле познати по вековниот стремеж за независност.[2] УправаПокраините во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на покраината Даларна, управните граници на округот Даларна се речиси исти како покраинските, освен дел од северизападниот дел на Хамра (Орша Финмарк), која влегува во состав на округот Јевлеборг. ГеографијаВо средината на покраината се наоѓа езерото Силјан. Поважни реки се Вестердалелвен и Естердалелвен, кои се влеваат во поголемата река Далелвен. Низ севердниот дел од покраината се протега дел од Скандинавските Планини. Пределите се планински и имаат многу леднички езера. Јужниот дел е рамничарски и има неколку рудника. Најзастапен метал е бакарот. Највисока точка е планината Стурветешогна (1204 м), а најниската точка (55 м) се наоѓа во југоисточниот дел. ГрадовиДаларна ги опфаќа следниве градови: Други местаНационални паркови![]() ИсторијаПокраината Даларна била дел од крајот Свеаланд пред обединувањето на Шведска (XI век). Во покраината започнале три значајни буни:
Култура![]() Даларна има богата и карактеристична народна култура со својствена музика, живопис и ракотворби. Тука рунското писмо се задржало најдолго од сите места во Шведска - сè до XIX век.[3] Познат симбол на покраината е „далскиот коњ“ (Dalahäst) кој е изделкан од дрво, а потоа се бои и украсува. Поднебјето е особено погодно за одгледување на коњи бидејќи почвата е богата со калциум. Помеѓу Селен и Мура, секоја година се одржува скијачката трка „Васалопет“ (Vasaloppet = „Васина трка“), која е најдолгата светот (90 км). Трката се одржува во чест на бегството на Густав Ериксон (подоцна крал Густав I Васа) од данската војска во 1520. Рударското подрачје Стура Копаберг („Голема Бакарна Планина“) во Фалун е прогласено за светско наследство на УНЕСКО. Познати личности
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia