Јосип Броз-Тито
Јосип Броз-Тито (српскохрватски и словенечки: Josip Broz - Tito, Кумровец, 7 мај 1892 — Љубљана, 4 мај 1980) — југословенски комунистички политичар и доживотен диктатор на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.[2] Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на Партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил Премиер на Југославија, а подоцна и Претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија. Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар. Рани годиниЈосип Броз е роден во Кумровец, северозападна Хрватска, во регионот Загорје, што тогаш бил дел од Австроунгарија[3]. Тој е седмото дете на Фрањо и Марија Броз (моминско презиме Јавершек). Во 1907, преселувајќи се од руралната средина, Броз почнува да работи како ученик на клучар во Сисак. Таму станува свесен за работничкото движење и за првпат го прославува 1 мај — Денот на трудот. Во 1910 се придружува на синдикатот на металуршките работници и станува член на Социјалдемократската партија на Хрватска и Славонија. Помеѓу 1911 и 1913, Броз работи на пократки периоди во Камник, Словенија; Ценково, Чешка; Минхен и Манхајм, Германија, каде што работи за автомобилската фабрика Бенц; потоа оди во Виена, Австрија каде што работи во Дајмлер како тест возач. Од есента 1913, Броз служи во австроунгарската армија; во мај 1914 добива сребрен медал за натпревар во мечување во Будимпешта. На почетокот на Првата светска војна е испратен на српскиот фронт. Уапсен е за антивоена пропаганда и затворен во Петроварданската тврдина. Во 1915 неговиот баталјон е испратен на Источниот фронт во Галиција да се бори против Русија. Во Буковина е сериозно ранет. Во април целиот негов баталјон паѓа во руско заробеништво[4]. По неколку месеци поминати во болница, во есента 1916 Броз е испратен да работи во камп во планините Урал. Ослободен е во текот на Февруарската револуција. Во април 1917 е уапсен за организирање демонстрации за воените заробеници, но набрзо успева да избега. Го прифаќа ленинизмот и учествува во болшевичките демонстрации во Санкт Петербург на 16-17 јули 1917. Потоа се обидува да избега во Финска, но е уапсен и затворен во Петропавловската тврдина на три недели, по што е испратен во Сибир. Повторно успева да побегне и во ноември во Омск им се приклучува на црвеногардејците. Во пролетта 1918 станува член на југословенската секција на Руската Комунистичка Партија. Во септември 1920 се враќа во Југославија и станува член на наскоро забранетата Комунистичка партија на Југославија. Станува активист во синдикалното движење. Во мај 1927 година е избран за секретар на Обласниот одбор на Сојузот на металците, а во јули истата година за организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ за Загреб. Во август 1928 година е уапсен и во ноември е осуден на 5 години робија. По излегувањето од затвор, во јули 1934 заминува за Виена, каде што станува член на Централниот Комитет на Партијата. Оттогаш почнува да го користи прекарот „Тито“. Кон крајот на 1936 се враќа во Југославија за да управува со делувањето на партијата во земјата. Во 1937 Сталин ја апси речиси целата дотогашна раководна гарнитура на КПЈ на чело со секретарот Милан Горкиќ и го поставува Тито на чело на партијата. Во овој период Тито верно ја следи политиката на Коминтерната и целосно застанува на страната на Сталин во неговата борба против неговите соперници во Советската комунистичка партија. И во Југославија доследно ја спроведува линијата на борба со сите оние членови на КПЈ што се критички настроени кон курсот на Сталин. Во последните години на виделина излегува фактот дека Тито е поставен за генерален секретар на КПЈ во јануари 1939, иако во целокупната југословенска литература околу историјата на КПЈ стои годината 1937. Овој „фалсификат“, како што самиот Тито вели во неговиот разговор со Јосип Копинич, а како што е забележено во „Титовата последна исповед“ од Вјенцислав Ценчиќ, е направен со цел „да не се остави Партијата три години без генерален секретар“, а е направен и делумно против Титовата волја. Во овој период Тито е организационен секретар на Партијата, а воедно и највисоко во нејзината хиерархија, бидејќи последниот генерален секретар - Горкиќ е уапсен и сменет, а на негово место не е поставен нов. Детството и младостаВо питомиот загорски крај, на реката Сутла, на границата меѓу Словенија и Хрватска се наоѓа малото село Кумровец. Така, во селанско семејство, како седмо од петнаесетте деца на Хрватот Фрањо Броз и Словенката Марија Јавершек, се роди во 1892 година, Јосип Броз. Јосип вели:
Трогателно е едно сеќавање на Броз за детството - родителите не биле дома, а изгладнетите деца со нетпрение ги чекале. Јожа се качува на таванот и ја симнува свинската глава, чувана за некој празник. Ја сваруваат на свој детски начин и навалуваат на гозба. Но наместо барем еднаш да се сетат задоволство од ситост, децата се разболуваат. Интересно е сеќавањето на Броз за лукното:
Бидејќи Кумровец и Загорје беа премногу сиромашни, по завршувањето на основното училиште мораше да замине далеку од дома. Во својата петнаесетта година, испратен со грижлив поглед од кајка си, тој заминува во светот. Оди во Сисак, на келнерски занает, што не го сака.
А за учењето на келнерскиот занает раскажуваше:
Јосип Броз го менува занаетот и од 1907 до 1910 година посетува занаетчиско училиште, во кое покрај стручните предмети се здобива со знење и од хрватскиот јазик, историјата и географијата. Од тоа училиште Броз понесува светол спомен за еден свој наставник:
Во браварската работилница на мајсторот Карас, во хрватскиот град Сисак, Јосип Броз чиракуваше три мачни години. Се работеше од изутрина од навечер. Тука, во работилницата, и се спиеше. Учењето во занаетчиското училиште, како и работата во работилницата на мајсторот Карас, придонесоа Јосип Броз брзо да созрее. Кај него се разви голема љубов кон книгата, исто како и други видови љубопитство, особено интересот за историјата. За жал младиот Броз ов таа работилница далеку повеќе се среќаваше со суровоста на животот. Тоа беше секојдневно малтретирање дури и тепање. Шлаканицата што ја добил кога на другарите им читал за подвизите на Шерлок Холмс, Броз ја запаметил засекогаш:
Тој младич се викал Шмит. Јосип броз се сеќава на него како на изворедно убаво и смирено но решително момче.
Во истата работилница се запозна Јосип Броз и со синдикалната организација, со нејзините цели и задачи. Ги запознава и работникот Гашпариќ, кој со неколку други помошници се состанувал во гостилницата "Ловечки рог", каде што се договарале за ораганизирањето на синдикатот и за други акции.
Гашпариќ, според сеќавањата на Јосип Броз, го поттикнувал размислувањето за општествените нееданквости.
Барајќи работа, работејќи во различни работилници, Јосип Броз повторно се среќава со луѓе со различни политички погледи. Во него сè повеќе се разгорува класната свест и се создава отпор спрема експлоататорските слоеви иклерот, кој и идејно и во практичното дејствување беше најнепосреден и најнеорганизиран противник на социјалистичките идеи. Во тој период Тито рече:
По работата во Љубљана Јосип Броз заминува во Камник, каде што работи во фабрика за метални стоки, до нејзиното банкротирање. Тогаш главниот работоводител ги наговорува да заминат во Чешка, во местото Јинце-Ченков, каде што, според неговото тврдење, ќе најдат работа во металска фабрика за производство на челични каси. Добиајќи некоја пара за пат, група работници се упатуваат во Чешка. На железничката станица ги пречекуваат чешките работници од таа фабрика, им објаснуваат дека се наоѓаат во штрајк и дека, ако ја прифатат работата како штрајкбрехери ќе ги оневозможат своите чешки класни другари да ја поправат својата материјална положба.
По работата во Чешка и Рур, на пат кон татковината, се вработува во Виена. Тоа беше во 1912 година, кога изби Балканската војна. За тоа Тито вели:
Прва светска војнаАтентатот, како што е познато, и послужи како повод на Австрија за напад на Србија, која одби да го прифати понижувачкиот ултиматум. На страната на Србија војуваат: Русија, Франција и Англија, а на страната на Австроунгарија: Германија, Бугарија и Турција. Меѓу 350.000 припадници на југословенските народи, мобилизирани во австроунгарската војска, се наоѓаше и 22-годишниот Јосип Броз. Јосип Броз, како социјалист, ја мразеше војната. За тоа Броз вели:
Поради Агинтација меѓу војниците против војната, Јосип Броз е уапсен и затворен во Петроварадинската тврдина. Зборовите на Броз војниците ги примија со симпатии, но дојдоа некако и до ушите на еден австроунгарски наредник, кој веднаш го уапси. Петровардинската зандана му остана на броз во живо сеќавање:
Учесник во октомвриската револуцијаВо пролетта на 1915 година, Јосип Броз е префрлен на рускиот фронт, каде што во една порба со Черкози е ранет, заробен и како ранет заробеник е префрлен в болница. Сеќавајќи се на тој период, Јосип Броз вели:
По оздравувањето заедно со другите е упатен во Алатир, каде што се собира припадници на јужнословенските народи за создавање на доброволечки единици за борба против Австроунгарија. Со уште 70 другари Јосип Броз одбива да стапи во Доброволечкиот корпус. Тогаш во Доброволечкиот корпус настануваат големи политички превирања. Едни, меѓу кои мнозинството го сочинуваа токму раководителките на тој корпус и други кои работеа според инструкции од српската влада, го третираа тој корпус како орудие на големосрпската политика, без оглед на тоа што меѓу доброволците мнозинството беа од територии што дотогаш беа под австроунгарското царство: од Босна, Херцеговина, Лика, Далмација, и други краишта на Хрватска, како и од Словенија. Други, меѓу кои беа одделни претставници на Југословенскиот одбор, сметаа дека тој корпус треба да биде орган на идната југословенска политика. Социјалистите смеетаа дека не треба да се седи во борба, ни за Голема Србија, ни за Голема Хрватска, ни за Голема Словенија, туку за Југославија во која рамноправно ќе се здружат сите југословенски народи. Спор имаше и околу заклетвата.
Јосип Броз работи потоа на пругата кај Кунгур и Ергач. Во Кунгур се запознава со многу напредни работници. Другарот Тито посебно се сеќава на инженерот Кац. Кога во пролетта во 1917 година, во Ергач се уапсени група болешвички настроени работници и се појавува опасност и Броз да биде уапсен, ибдејќи е поврзан со нив, инженерот Кац му помага да избега. Му дава цивилна облека и му овозможува скришно да замине од Ергач. Го упатува со лична препорака до својот син во Петроград, каде што Броз заминува илегално, скриен во еден товарен воз што пренесува жито.
По овие настани, со оглед на тоа што инженерот Кац како единствено засолниште на ЈОсип Броз беше уапсен - Броз се упатува во Финска. Сеќавајќи се на тие деонови другарот Тито вели: "Кога бев кај местото Улеобор (денес Оулу) наднав во рацете на полицијата." На пат за Сибир, каде што го спроведуваат како затвореник бега од своите спротивници и вешто избегнувајќи ги заседите на белите козачки патроли, успева да им се пдиружи на болшевиците. Заедно со 350.000 свои земјаци, Јосип Броз се бори во редовите на Црвената армија за советската власт. Во тие бурни денови е примен и во членството на Паријата. Се чувствува среќен и горд.
По завршувањето на војната во 1918 година се изменува картата на Европа. По победата на Србија и нејзините сојузници се распаѓа папсаното австроунгарско царство и се создаваат нови држави. Прогласено е и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Така за првпат во својата историја југословенските народи успеаја да се обединат. Но, единство немаше. Новосоздадената држава ја раскинуваа многубројни и разновидни спротивности. Пред се, не беше решено националното прашање. Игнорирани беа националните и културните традиции на Словенците и Хрватите и беше оневозможен нивниот натамошен слободен развиток. Македонците и Црногорците беа сметани за делови на српскиот народ и беа задушувани нивните национални права. Земјата беше заостаната и сиромашна. Забрзаниот капиталистички развиток доведуваше до нагло осирумашување на селото и до пролетизирање на населението во градовите. Селанецот беше оптоварен од данок и презадолжен без надежи за подобри денови. Невработеноста во сите краишта на земјата беше голема. Незадоволството на народот добива широки размери. Мала група луѓе околу дворот, давајќи му концесии на странскиот капитал, нагло се богатува. Земјата се давшее во долгови, запаѓајќи сè повеќе во економска и општествена криза. Втора светска војнаБидејќи планот на Хитлер наречен Барбароса, со напад врз СССР беше одложен заради Југославија, на 6 април 1941 година, 184 бомбардери придружени со 250 ловци летаа кон југословенскиот главен град. Без претходно објавување на војна, додека градот уште спиеше, започна Хитлеровата одмазда. Десет илдјади мртви и ранети, меѓу кои најповеќе беа жени и деца, претставуваше казна за непослушноста. На широк фронт, одлично вооружените војници на Вермахтот и нивните сојузници: Италијанци, Унгарци, Бугари - брзо напредуваа. Откако Југославија е заземена од Силите на Оската во април 1941, комунистите меѓу првите го организираат движењето на отпорот. Јавниот повик на Тито за вооружен отпор против окупаторите датира од 4 јули 1941. Тој станува Главен командант на Народноослободителната војска. Партизаните на оваа армија поставуваат широка партизанска борба и почнуваат да ослободуваат територии во кои ги организираат народните комитети да дејствуваат како цивилна влада. Тито е виден водач на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Југославија (АВНОЈ) што се одржува во Бихаќ во 1942 и Јајце во 1943 и ја поставува основата за повоената организација на земјата, создавајќи федерација. На 4 декември 1943, за време на окупацијата на Југославија, Тито ја прогласува привремената демократска југословенска влада. ![]() За време на Втора светска војна, неговите активности се често поддржувани директно од страна на силите на западните Сојузници. Во тоа време, Сојузниците им предаваат мисии за поврзување на главните штабови на партизаните, при што бригадирот Фицрој Маклин игра значајна улога. Заради блиските односи со Сталин, Тито често запаѓа во расправии со британските и американските официри задолжени за неговите штабови. На 5 април 1945 Тито потпишува договор со СССР дозволувајќи им „привремен влез на советските трупи во југословенските територии“. Помогнати од Црвената Армија, партизаните ја добиваат војната во мај 1945. Југословенската Ослободителна војна се смета за единствена победа во Втора светска војна постигната од страна на домашни партизански сили, иако со мала помош од надвор. Сите западни сили се повлекуваат од југословенска почва по крајот на борбите во Европа. Останатите фашистички трупи на Усташите и кралските Четници и нивните поддржувачи биваат судени и погубени во голем број. Повоен период![]() Тито станува премиер и министер за надворешни работи на повоена Југославија. Тој останува во тие функции до 13 јануари 1953, кога го наследува Иван Рибар на функцијата Претседател на Југославија. На 7 април 1963, земјата го менува официјалното име на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а Јосип Броз Тито е именуван за доживотен претседател. Владеењето на Тито има одлики на просветена диктатура. Комунистичката партија ја одржува својата власт не отфрлајќи го користењето на политички мотивирани судења и затворања, но сепак репресијата под власта на Тито не е толку изразена во споредба со останатите комунистички режими. Покрај тоа, Партијата ја консолидира земјата што беше сериозно погодена од војната и успешно ги потиснува националистичките чувства на југословенските народи, промовирајќи ја идејата за братство и единство. Тито исто така е меѓународно познат како прв комунистички водач што го победи Сталин дистанцирајќи се од Советскиот Сојуз, по Резолуцијата на Информбирото во 1948 година. Комунизмот на Тито се означува како титоизам од страна на Москва, што охрабрува чистки на осомничени „титоисти“ низ целиот комунистички блок. За време на Тито, Југославија станува основач на Движењето на неврзаните. Во 1961, Тито го создава Движењето заедно со Гамал Абдел Насер од Египет и Џавахарлал Нехру од Индија, создавајќи силни врски со земјите од Третиот свет. ![]() Во 1960-тите и 1970-тите, одредени интелектуалци на Запад гледаат на Титовиот модел на самоуправување и пазарен социјализам како точка во која советскиот и западниот економски систем ќе конвергираат со текот на времето. Југословенскиот стандард на живеење е значајно повисок од оној во другите земји од Источна Европа, особено затоа што на Југословените им е дозволено да патуваат без проблеми кон Западна Европа и други земји, влевајќи странски пари во домашната економија. Најголемата сила на Тито во очите на Западот е неговиот успех во сузбивање на националистичките чувства и одржување на единството во земјата. Титовиот повик за единство и поврзаните методи се тие што ги држат народите на Југославија заедно. Оваа способност се става на тест неколкупати за време на неговото владеење, особено за време т.н. Хрватска пролет (исто така означувана и како „масовно движење“ и „маспок“) кога владата ги сузбива и јавните демонстрации и различните мислења во Комунистичката партија. Во 1980, Тито е прифатен во клиничкиот центар во Љубљана, Словенија со проблеми на циркулација во нозете, по што неговата лева нога е ампутирана. Тој умира таму на 4 мај 1980, а неговиот погреб привлекува многу светски политичари. Тоа е најголемиот погреб во светската историја по оној на папата Јован Павле II според бројот на политичари и државни делегации. Култ на личноста како метод на владеење![]() Титовото владеење се потпирало на постојано јакнење на култот кон неговата личност, почнувајќи од времето на Втората светска војна, па сè до смртта во 1980 година. Изградбата и промоцијата на култот кон Титовата личност во периодот на неговото владеење одела во две насоки:
Сузбивање на политичките и идеолошките противнициСпоред "Информацијата за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија. Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години. Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни. За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот Идризово, или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за независна Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Според неофицијални податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот 'Идризово' биле затворени 2.500 политички затвореници.[5] Масовни убиства кон крајот на Втората светска војнаГолем број заробеници - припадници на фашистичките сили, било од Југославија или од Германија, биле масовно стрелани кон крајот на Втората светска војна.[6][7][8] Покрај тоа, во Македонија биле стрелани и голем број лица кои биле поборници за независна и обединета Македонија, означени во тоа време како националисти. Според некои извори, Тито бил против овие стрелања, и наложил тие да престанат, но секако се случиле во време кога тој ја контролирал целокупната власт.[9] Во Македонија, масовни стрелања имало во Велес, Куманово и Ресен. Специјалните единици на ОЗНА продолжиле и после војната со масовни убиства и стрелања. Според достапните извори[се бара извор], илјадници луѓе се убиени на овој начин кон крајот и по Втората светска војна. Голи ОтокИако не постои точна бројка, бидејќи луѓе бесповратно исчезнувале преку ноќ, извесно е дека илјадници лица, политички неистомисленици на Титовиот режим, биле затворени во мошне тешки услови на Голи Оток, а голем е и бројот на оние кои таму и умреле поради тешките услови.[10] Голи Оток бил специјален затвор за политички затвореници, и станал синоним за политичката репресија на Титовиот режим. Водачите на АСНОММакедонските политички раководители биле особено прогонувани во периодот од 1945-1950 година. Без судење, или со судења без докази, или за идеолошки несогласувања, биле испратени на тежок затвор врвните македонски политички дејци. Од 22-цата членови на Президиумот на АСНОМ, водечкиот политички орган во Македонија од тој период, дури 12 биле затворени или разрешени: Затворани:
Разрешени и деградирани:
Сузбивање на религијатаКако дел од борбата против идеолошките противници, Тито бил против религиозните институции и ги охрабрувал граѓаните да се свртат против црквите и џамиите. Раководните тела на религиозните организации биле под постојан притисок од разузнавачките служби, а непосредно по војната, партизаните ги оштетувале и ограбувале црковните објекти.[11] Сепак, и покрај таквата негова политика, во Македонија била возобновена Охридската архиепископија во името на Македонската православна црква. Доживотен претседателСо Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата. Екстремната емиграцијаРежимот на Тито бил познат и по безмилосното справување со тнр. "екстремна југословенска емиграција", односно луѓе кои емигрирале од Југославија, и активно политички се организирале или агитирале против југословенскиот систем. Постоеле голем број организации и здруженија во светот кои имале политички платформи против југословенскиот режим на чело со Тито. И таа емиграција била под постојан надзор и притисок од југословенскиот режим, а највидните претставници на политичката емиграција биле убивани и во странство од Југословенските тајни служби.[12] Во Македонија, најпознат е примерот на репресијата врз Драган Богдановски,[13] еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Промоција преку пропагандата и образованиетоВо културатаГолем број на партизански филмови, во кои се величал ликот на Тито биле снимени во повоениот период. Во нив се зборува за неговата војно-стратешка генијалност, принципиелност и добрина. Илјадници статисти и познати светски филмски ѕвезди учествувале во тие филмови за партизанските борби, како што се Неретва, Сутјеска, Козара, и други. Уште од Втората светска војна[14] започнале да се создаваат песни со кои се величала личноста и непобедливоста на Тито, кои преку медиумите и пропагандата станувале хитови:
Во образованиетоОсобено во образованието бил изразен трендот на градење на култ кон ликот и делото на Тито. Текстови во читанките, лектири и други четива посветени на Тито биле вклучени во задолжителната програма. Во секоја училница висела слика на Тито. Организациите на децата биле наречени "Титови пионери", а нивниот поздрав бил "За татковината со Тито - Напред!". Во детските одморалишта и на работните акции исто така се вршела силна идеолошка пропаганда. Роденденот на Тито бил прославуван како Ден на младоста. Тоа бил неработен ден, во кој учениците и студентите организирале големо дефиле на стадионот на Југословенската народна армија во Белград, при што на Тито му била врачувана штафетата на младоста. Претходно, по примерот на олимпискиот факел, младинците ја носеле штафетата повеќе недели низ цела Југославија.
Преименување на географски поимиВо секоја република и покраина во Југославија по еден град го носел титовото име (Подгорица во Црна Гора станала Титоград, Велење во Словенија станало Титово Велење, Велес во Македонија станал Титов Велес, Косовска Миторовица станала Титова Митровица, Врбас во Војводина станал Титов Врбас, Кореница во Хрватска станала Титова Кореница, Дрвар во Босна и Херцеговина станал Титов Дрвар, а Ужице во Србија станало Титово Ужице). Биле преименувани и други географски поими. На пример, највисокиот врв на Шара од Голем Турчин (а од 1934. Александров Врв), станал Титов Врв. Темелите на нова ЈугославијаНа слободната територија се создаваа народоноослобидтелните одбори - никулците на новата власт и на денешното самоуправување. На 29ти ноември 1943 година, во босанското гратче Јајце се одржа Второто заседание на АВНОЈ. Среде поробена Европа, беше слободна една петтина од Југославија, што е повеќе од вкупната територија на Белгија. Најважната одлука на заседанието во Јајце, беше идното уредување на земјата да се засновува врз федеративен принцип. На крајот сојузниците ја дознаа единствената вистина за војувањето во Југославија и започнаа повеќе да ја помагаат Титовата војска во воен материјал и згрижување на ранетите. Партизанската војска станува модерно ооружена армија од близу 800 идлјади борци. Јакнењето на народноособлодителната војска, најзиниот углед меѓу сојузниците и влијанието кај поробените народи на Европа го принудија Хитлер да подготви нов план за да ја обезглави и уништи Југославија. Взори на 25 мај, на самиот Титов роденден, е извршен десант на Дрвар, операцијата "Коњички Скок". Во пештерата крај Дрвар се напѓаше Штабот со врховниот командант Тито и членовите на ангоамериканските и советските мисии. Наредбата на Хитлер беше крајно енергична: По секоја цена да се фати командантот Тито! - Секој подобранец од Нацистичката Германска војска ја имаше Титовата фотографија. Во Дрвар се наоѓаа незначителни партизански сили, кои со помош од целиот народ херојски м у се спротивставуваа на непријтаелот, очекувајќи да пристигнат на помош поголеми единици. Борците на Шестата личка девизија, претрчаа 16 километри и во силен јуриш ги разбија германските падобранци и уште еднаш го оневозможија вешто замислениот план на германската команда. Поради се послужените операции и потребата од непосредна соработка во сјузниците, Тито и Врховниот штаб преминуваат на островот Вис. По ослободувањето на далматинскиот брег - ќе забележи Тито - помошта од сојузниците почнува да пристигнува во сè поголем обем и со продови. Пријателство со БугаријаВо Бугарија е склучено ново пријателство. Решено е да се заборави немилата историја од последните две војни. На чело на Бугарија се напѓаше Георги Димитров, голема нличност на меѓународното револуционерно движење и личен пријател на Тито од повеќе години заедничка работа во Коминтерната. Пријателство со ПолскаВо настраданата Полска е пречекан како соборец во борбата против вашизмот. Пријателство со РоманијаВо соседна Романија половина милион луѓе стоеја на снег и ги слушаа зборовите на Тито за заедничката цел - за социјализмот. Пријателство со УнгаријаВо Унгарија во знак на помирување е подадена раката на пријателството. Пријателство со ЧехословачкаВо Чекохославачка, како и со другите социјалистички земји, се потпишани договори за пријателство и заемна соработка. Тоа време ветуваше дека ништо не може да не раздели. Дојде 1948 година со озлогласената Резолуција на Информбирото, со која се осудени Комунистичката пратија на Југославија и Тито. Недовербата што Сталин ја покажуваше уште за време на војната спрема "непослушните" југословенски комунисти, особено изразена во врска со создавањето на пролетерските бригади и одлуките на АВНОЈ прерасна во отворена нетрпеливост, што го предизвика неминовнот судир. Меѓутоа, Резолуцијата не можеше да ги расколеба југословенските комунисти и нивната верба во Тито. Уште еднаш е осведочено и единството на Партијата и народот што беше толку силно манифестирано на Петтиот конгрес на КПЈ.
Смртта на ТитоЧетврти мај 1980. Најтажното неделно попладне. Иако можеше да се очекува најлошото - сепак постоеше надеж. А тогаш соопштение од конзилиумот на лекарите: "И покрај преземањето на сите неопходни мерки... Јосип Броз Тито почина во 15,05 часот". Потоа уследи Прогласот од ЦК СКЈП и Претседателството на СФРЈ. Зборот се прошири насекаде. Луѓето чекаа по должината на пругата сè до Загреб. А синиот воз минуваше тивко и скоро бесшумно крај луѓето кои се слеаја крај колосекот како река за на својот Тито барем за миг да му упатат последен поздрав и да му ја изразат длабоката благодарност. И Забреб, градот на Титовата младост и на првите Титови револуционерни акции, достоинствено го пречека и испрати, горд на Загорјето што го роди на загрепската партиска организација и заробничката класа која толку многу му даде и доби од него. На патот од Загреб кон Белград пак истата глетка. Најискрено и најтажно простување од работниците, селаните, младината и пионерите на Словенија и Срем. Белград - градот на титовиот постојан пренос ос ослобудвањето на земјата. На овој град другарот Тито лично му го врачи Орденот народен херој и му го изрази своето почитување на градот - херој:
Белград во болка се слеа на плоштадот "Братство и единство". Тука на плоштадот и по должината на сите улици кон Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југослваија, каде што е изложен ковчегот со телото на другарот Тито, тажни но горди белграѓани му оддадоа почит и му се заблагодарија на најмилиот другар, пријател, на својот голем сограѓанин. Во сите републики и покраини, во сите градови, села, во единиците на славната Титова армија, во школите и сите општествени и политички организации се одржаа комеморативни собири. И насекаде една и иста слика - изрази на тага, почитување, гордост што живеевме во неговото време и решителност да се продолжи неговото дело. Насекаде исто и единствено: "Ние сме Титови, Тито е Наш - и Другар Тито, ние ти се колнеме дека од твојот пат нема да скршнеме". Во Домот на синдикатите, во свечена сала во која другарот Тито толкупати говореше, се одржа комеморативна седница на највисоките органи за федерацијата и делегациите од републиките и покраините. За другарот и неговото дело говореше Владимир Бекариќ, кој меѓу другото рече:
![]() Покрај ковчегот со телото на другарот Тито, во холот на Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, поминаа и му оддадоа почит на великанот стотици илјади белграѓани и други граѓани од редовите на сите народи и народности на нашата земја. Соборци, херои, младина и претставници од сите општествено-политички организации, делегации од републиките и покраините и од Југословенската народна армија беа на почесна стража. На овој единствен борец за мир, за межународно разбирање за помирно и подостоинствено утре во целиот свет - еден од основачите и градител на движењето на неврзаните му оддадоа почит досега невиден број делегации од целиот свет. На оддавањето почит и на закопот на Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јопис Броз Тито, присуствуваа вкупно 209 делегации од 127 земји: 122 државни делегации, 48 делегации на партии, 4 делегации на ослободителни движења, 9 делегации на меѓународни организации и 6 други. На чело на државните делегации имаше 38 шефови на држави, 5 принцови, 7 потпретседатели на републики, 6 шефови на национални парламенти, 10 претседатели на влади, 3 потпретседатели на влади, 11 министри за надворешни работи, 20 членови на влади и 22 државни функционери. Меѓу сите делегации што поминаа покрај одарот на Претседателот Тито и покрај неговата гробница се најдоа собрани заедно 4 суверни - кралево, 6 принцови, членови на кралски семејства, 31 претседател на република, 10 потпретседатели на републики, 11 претседатели на национални парламенти, 22 премиери, 12 заменици на претседатели на влади, 47 министри за надворешни работи и повеќе членови на влади. На 8 мај 1980 година во Белград е погребан Јосип Броз Тито. Скромно, но еличествено. Погребан е во свеќарникот на својата градина, меѓу алеите од ружи што самиот ги одгледуваше, во Ужичка број 15. Во средината на стаклената градина, меѓу прекрасни ружи стои бела мермерна плоча на која пишува "Јосип Броз Тито, 1892 - 1980". Ова стана вечен дом на човекот чие дело ќе го продолжат и оваа и идните генерации.[15] По смртта на Тито![]() Веднаш по смртта на Тито, започнуваат шпекулации околу тоа дали неговите наследници би можеле да ја задржат Југославија цела. Етничките поделби и конфликти растат и по една деценија по неговата смрт конечно еруптираат во серија војни. Тито е погребан во мавзолеј во Белград, наречен Куќа на цвеќето, и многу луѓе го посетуваат тоа место како храм за подобрите времиња, иако веќе не носи белег на чест. Подароците што Тито ги прима за време на неговото претседателство се чуваат во Музејот на Историјата на Југославија (чии стари имиња се „Музеј 25 Мај“ и „Музеј на Револуцијата“) во Белград. Вредноста на оваа колекција е бесценета: таа вклучува многу светски-познати уметници, вклучувајќи оригинални дела на Франциско Гоја и други. За време на неговиот живот, а особено во првата година по неговата смрт, неколку места се именувани по Тито. Во Република Македонија градот Велес во чест на Тито одреден период го носеше називот „Титов Велес“. Последици од владеењето на ТитоНедостигот на демократичност на Југословенскиот систем, неговото потпирање врз култот на личноста на Тито и посебно врз владеењето на политиката, а не на правото, довел до целосен копалс на системот по Титовата смрт. Ваквите настани биле дополнително зајакнати со оглед на економската криза во земјите Источниот блок (кои биле главен економски партнер на СФРЈ[16]) и посебно со крајот на Студената војна и распадот на СССР. Имајќи ги предвид слабостите на Југословенскиот (волонтеристички) политички и економски систем, Институциите не биле доволно силни за да се справат со предизвиците на новото време, па затоа земјата се распаднала преку крвави националистички војни во деведесеттите години од минатиот век. Со оглед на ваквото наследство зад себе, до денес, политичките партии во Република Македонија не можат да ја разберат предноста од владеењето на правото над политиката. СемејствоПрвата сопруга на Тито е Пелазгија Броз која му раѓа син, Жарко. Неговата втора жена е Херта Хас, која во мај 1941 му раѓа син, Мишо. Најпозната сопруга на Тито е последната, Јованка Броз. Негови видни внуци се Александра Броз, театарски режисер во Хрватска и Светлана Броз, кардиолог и писател во Србија[17]. Тито е најверојатно роден на 7 мај, но неговиот роденден се слави на 25 мај откако тој станува претседател на Југославија. Неговиот роденден се славеше како Ден на Младината на СФРЈ. НаградиЈугословенски награди и одликувањаМеѓународни награди и ордениЗанимливости
Тито како тема во уметноста и во популарната култураТито во книжевноста
Тито во музиката
Тито во филмот
Медија
ПоврзаноНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia