Јужен Полуостров (Исланд)
![]() Јужен Полуостров (исландски: Suðurnes), тр. Сидирнес) — регион во северозападен Исланд. Наречен е по полуостровот Рејкјанес (Reykjanesskagi) на кој се наоѓа. НаселениеРегионот има население од 22.000 жители и се вбројува меѓу најгусто населените делови на земјата. Седиштето му е во Кеплавик, кој сам по себе имал 7.000 жители, но се споил со Њардвик, образувајќи го Рејкјанеспајр — второ населено место по големина вон поширокото подрачје на Рејкјавик; во 2013 г. градот броел 14.231 жител. ЗнаменитостиНа полуостровот се одвива активен вулканизам со големи лавини полиња, и затоа е мошне оскуден со растителнсот. Јужната половинја има голем број топли и сулфурни извори, особено околу езерото Клејварватн и геотермалното подрачје Крисивик. Кај Свартесенги има геотермална централа која го користи ова природно добро за производство на струја. Друга позната знаменитост на подрачјето е раседната долина Аулваќау кај Кринтавик која ја бележи границата помеѓу тектонските плочи на Евроазија и Северна Америка. Преку оваа долина (широка 18, а длабока 6 м) во 2002 г. е изграден т.н. „Мост меѓу континентите“, со поранешно име „Лејф Касметливиот“ во чест на исландскиот морепловец Лејф Ериксон кој стасал до Америка 500 години пред Кристофер Колумбо. На полуостровот се сместени некои рибарски гратчиња како Кринтавик и Њардвик заедно со Кеплавик и неговиот меѓународен аеродром „Лејфир Ериксон“, како и поранешната американска воена база. Недалеку од аеродромот е и познатата бања „Сина Лагуна“ (Bláa Lónið), која впрочем претстаува топло езеро. Општини
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia