Престолнински Регион Höfuðborgarsvæðið |
---|
 |
Земја | Исланд |
---|
Површина |
---|
• Вкупна | 1.062,2 км2 (4,101 ми2) |
---|
Население (2017) |
---|
• Вкупно | 222,590 |
---|
• Густина | 204,2/км2 (5,290/ми2) |
---|
Час. појас | GMT (UTC+0:00) |
---|
Престолнински Регион (исландски: Höfuðborgarsvæðið, тр. Хевидпоргарсвајдид) — регион во југозападен Исланд кој го опфаќа главниот град Рејкјавик и шест општини околу него.[1][2] Секоја општина има свој совет, а општинските управи имаат разни заеднички надлежности како комуналиите, јавниот превоз и противпожарните служби.
Регионот е најголемото урбано подрачје во Исланд.[3] со преку 60 % од населението на државата, но само 1 % од површината. Иако регионот зафаќа (1.062 км2), вистинското населено подрачје се протега на само 200 км2, додека остатокот се ненаселени предели[4]
Население
Од седумте општини на регионот, најголема е Рејкјавик со 122.460 жители. Најслабо населена е Кјоусархрепир, со само 217 жители, но најголема површина (287,7 км2). Најмала површина зафаќа Селтјарнарнес (2,3 км2).
Наводи
Надворешни врски
64°08′00″N 21°56′00″W / 64.13333°N 21.93333°W / 64.13333; -21.93333