Западни Фјордови
![]() ![]() Западни Фјордови (исландски: Vestfirðir, тр. Вестфирдир) — голем полуостров и регион во северозападниот дел на Исланд. Сместен е на Данскиот Проток и гледа кон источниот брег на Гренланд. Поврзан е со остатокот од земјата преку теснец широк 7 км помеѓу Ќилсфјердир и Питрифјердир. Подрачјето е исклучително планинско и има бројни фјордови над кои се издигаат стрмни падини. Овој стрмен и завиен терен значително го отежнува патниот сообраќај, а патиштата, покрај тоа, се затворени неколку месеци во годината поради мраз и снег. Состојбата е подобрена со изградбата на патниот тунел „Вестфјардакенк“ во 1996 г. Стрмните карпи на Лаутапјарг ја сочинуваат надголгата гнездилна колонија во северниот Атлантски Океан и ја бележат најзападната точка во Исланд. Во северниот дел на полуостровот е и ледникот Дрангајекидл, кој е петти по големина во земјата, но единствен во регионот. Регионот е најстудениот дел на Исланд, што се должи на Источногренландската Струја. НаселениеОскудноста на ниско земјиште на ова подрачје во голема мера го ограничила развојот на земјоделството, кое се состои од малоразмерно овчарство крај фјордовите. Месното стопанство зависи од добрата положба на риболовните пристаништа, засолнети во фјордовите. Населението е малобројно: во 2007 г. регионот имал само 7.380 жители, од кои 4.000 отпаѓаат на најголемото населено место — гратчето Исафјердир. Општини
ЗанимливостиВо 1615 г. 32 Баскиски китоловци доживеале бродолом во фјордовите и биле убиени од мештаните поради недоразбирање. Потоа, управникот донел закон дека секој Баскиец што ќе се забележи во регионот треба да се убие на лице место. Законот е укинат во 2015 г.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia