Општините (исландски: sveitarfélög) се второстепена управна единица на Исланд со надлежност врз многу јавни работи како претшколските установи, основните училишта, комуналиите, социјалата, станбените прашања, јавниот превоз, службите, старите и хендикепираните лица. Раководат и со урбанистичкото зонирање и преземаат должости по сопствен избор, зависно од расположливите средства. Автономијата на општините е загарантирана со уставот на државата.
Историја
Оваа единица води потекло од периодот на народовластие во X век кога селското население се организирано во околии (hreppar) со цел да им пружи помош на најсиромашните жители. Со почетокот на урбанизацијата на Исланд XVIII и XIX век, создадени се неколку независни селишта (kaupstaðir). Подоцна, во текот на XX век, улогата на општините претрпела формализација до тој степен што, кон крајот на векот исчезнале сите разлики помеѓу селските и градските општини.
Во најново време државната управа им предава сè повеќе надлежности на општините. Со ова се јавила потреба од создавање на поголеми општини со спојување на постоечките, или преземање на здружени надлежности како во другите нордиски земји.
Во 1950 г. во Исланд имало дури 229 општини.[1] Во 1995 г. се свеле на 170, во 2000 г. на 124, а од 2013 г. во земјата има 74 општини.
Управа
Со општините раководат совети од 5 до 15 члена кои се бираат со општонародно гласање на секои четири години. Највеќето општини имаат извршен раководител кој не мора да членува во советот; во градовите раководителите се градоначалници (bæjarstjóri/borgarstjóri), во селските и мешаните општини се нарекуваат општински началници (sveitarstjóri). Овие раководители честопати се вработуваат според нивната стручност и се политички независни.