Источен Регион (Исланд)
Источен Регион (исландски: Austurland, тр. Ејстирланд) или Источни Фјордови (Austfirðir, тр. Ејстфирдир) — регион во источниот дел на Исланд. Зафаќа површина од 22.721 км2 и има население од 15.300 жители (2007). Најголемо населено место во регионот е Ејилстадир, со население од 2.300 жители. Најстара општина е Тјупивогир (настаната во 1589 г.), денес со население од 470 жители (2015). ХелкистадирРегионот е познат по каменот дволомец (во средниот век наречен „сончев камен“) во рудникот „Хелкистадир“ во Ескифјердир.[1] Чистотата и проѕирноста на кристалите од ова наоѓалиште, како и нивната дволомност предизвикала интерес кај научната јавност почнувајќи од крајот на XVII век. Подоцна овие кристали одиграле значајна улога во почетниот развој на оптиката на брановите, кристалографијата и физиката на кристалите.[2] „Хелкистадир“ е затворен во 1925 г., а педесет години подоцна е прогласен за национален споменик.[3] Траектен сообраќајЕдинствениот траект кој го поврзува Исланд со европското копно сообраќа од Сејдисфјердир еднаш неделно во летните месеци и повремено во остатокот од годината. Општини
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia