Џорџ Акерлоф
Џорџ Артур Акерлоф (англиски: George Arthur Akerlof; р. 17 јуни 1940) — американски економист и професор по економија на Беркли. Ја добил Нобеловата награда за економија во 2001 година, која ја поделил со Мајкл Спенс и Џозеф Стиглиц. Во ноември 2014 година се приклучил на Универзитетот Џорџтаун.[1] Пазарот за лимони и асиметрични информацииАкерлоф е веројатно најпознат по неговата статија „Пазарот за лимон: Нејасниот квалитет и механизмот на пазарот“, објавена во Quarterly Journal of Economics во 1970 година, во која идентификува одредени сериозни проблеми, кои влијаат на пазарите со асиметрични информации, труд за кој ја добил Нобеловата награда за економија.{{#tag:Ref|Две списанија American Economic Review и The Review of Economic Studies го одбиле трудот за „тривијалноста“, додека уредниците на Journal of Political Economy го одбиле како неточен, искажувајќи дека ако трудот е точен, тогаш ниедно добро нема да биде продадено. Дури во четвртиот обид успеал да го објави во Quarterly Journal of Economics.[2] Денес, трудот е еден од најнаведуваните трудови во современата економска теорија (повеќе од 5.800 наводи во академските трудови до јули 2009 година). Во трудот Модели за ефикасни плати на пазарот за труд, Акерлоф и соавторот Џенет Јелен (неговата жена) предложиле начела за хипотезата на ефикасни плати во која работодавците плаќаат над платата за чистење на пазарот, во спротивно со заклучоците на неокласичната економија. Економски идентитетВо подоцнежната работа, Акерлоф и соработникот Рејчел Крантон на Универзитетот Дјук го вовеле општествениот идентитет во економските анализи, создавајќи ги полињата на економски идентитет. Одејќи кон социјална филозофија и многу полиња надвор од економијата, Акерлоф и Крантон велеле дека поединците немале преференции само за различни добра и услуги. Тие исто така се придржуваат до општествените норми за тоа како различни луѓе треба да се однесуваат. Нормите се поврзуваат со општествениот идентите на човекот. Овие идеи најпрвин се појавиле во нивната статија „Економија и идентитет“, објавени во Quarterly Journal of Economics во 2000 година. Репродуктивен технолошки шокКон крајот на 1990-тите години, идеите на Акерлоф го привлекле вниманието на некои од обете страни на дебатата за законскиот абортус. Во статиите во Quarterly Journal of Economics,[3] The Economic Journal,[4] и други списаније, каде Акерлоф го опишал феноменот кој го насловил „репродуктивен технолошки шок“. Тврдел дека новите технологии кои помогнале да се рашири сексуалната револуција во текот на крајот на XX век, современите контрацептивни средства и законскиот абортус, не само што не успеале да ја поништат стапката на деца родени надвор од брак, туку таа и се зголемила. Според Акерлоф, за жените кои не ги користеле, овие технологии главно ја трансформирале старата парадигма на социосексуални претпоставки, очекувања и однесувања на начин кој има особени слабости. На пример, достапноста на законски абортус сега им дозволува на мажите да го гледаат нивното потомство како како внимателен производ на женскиот избор отколку на заеднички производ од полов однос. Така се охрабруваат биолошките татковци да одбиваат, не само обврската за женење со мајките, туку и идејата за таткова обврска. Додека Акерлоф не предложил законски ограничувања за абортусот или достапноста на контрацептивните средства, неговата анализа изгледа нашле поддршка кај оние кои тоа го сакале. Така, научникот поврзуван со либералните и демократските позиции, бил многу често наведуван од конзервативците и републиканците.[5][6] ГрабежВо 1993 година, Акерлоф и Пол Ромер го објавиле четвртиот Грабеж: Економското подземје на банкротства за профит, опишувајќи како под одредени услови, сопствениците на корпорации ќе одлучат дека е попрофитабилно за самите себе да ја „ограбат“ компанијата и да ја „извадат“ вредноста од нејзе, наместо да се трудат да ја направат поголема и просперитетна“. На пример:
Порака до Американската економска асоцијацијаВо неговата претседателска порака до Американската економска асоцијација во 2007 година, Акерлоф предложил „природни норми“ што донесувачите на одлука ги имаат за тоа како „треба“ да се однесуваат. Во ова предавање, Акерлоф предложил нова агенда за макроекономијата со вклучување на овие норми.[8] Тој е основач на Економисти за мир и безбедност и содиректор на програмата Социјални интеракции, идентитет и добросостојба“ на Канадскиот институт за напредно истражување (CIFAR). Тој е советник на Институтот за ново економиско мислење. Бил избран за член на Американската академија на науките и уметностите во 1985 година.[9] Личен животАкерлоф е роден во Њу Хевен, Конектикат, како син на Розали (родена Хиршфелдер) и Геста Окерлеф, кој бил хемичар и пронаоѓач.[10][11] Неговата мајка била Еврејка, од семејство кое се доселило од Германија. Неговиот татко бил шбведски имигрант.[12] Акерлоф дипломирал на Школата Лоренсвил[13] во 1958 година. Во 1962 година ја добил неговата диплома од Универзитетот Јејл, во 1966 година неговиот докторат од Масачусетскиот технолошки институт и предавал на Лондонската економска школа во периодот 1978-1980. Неговата жена Џенет Јелен е претседател на Советот на гувернери на Федералниот резервен систем и пензиониран професор на Беркли,[14] и поранешен претседател и директор на Федералната резервна банка Сан Франциско и поранешен претседател на Советот на економски советници на претседателот Бил Клинтон.[15] Неговиот син Роберт Акерлоф[16] предава економија на Универзитетот Ворик.[17] Библиографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia