Василиј Леонтјев
Василиј Василјевич Леонтјев (руски: Васи́лий Васи́льевич Лео́нтьев, англиски: Wassily Wassilyovich Leontief; 5 август 1906 во Минхен — 5 февруари 1999 во Њујорк) — американско-руски економист познат по неговото истражување како промените во еден економски сектор може да влијаат на другите сектори. Леонтјев ја добил Нобеловата награда за економија во 1973 година и тројца од неговите докторанти исто така ја добиле наградата (Пол Семјуелсон во 1970 г., Роберт Солоу 1987 г., Вернон Смит во 2002 г.). ЖивотописРан животВасилиј Леонтјев е роден на 5 август 1906 година во Минхен, Германија, син на Василиј Леонтјев (професор по економија) и Слата (подоцна Евгенија, нареченија Генија) Леонтјев (родена Бекер).[2] Василиј Леонтјев припаѓал на семејство на староверци, трговци кои живееле во Санкт Петербург од 1741 година.[3] Генија Бекер припаѓала на богато еврејско семејство од Одеса. На 15 години, во 1921 година, Василиј се запишал на Ленинградскиот универзитет. Добил магистерска диплома во 1924 година на 19 години. Опозиција во СССРЛеонтјев се нашол со истомислениците за академска автономија, слобода на говорот и изразил поддршка на Питирим Сорокин. Поради тоа бил затворан неколкупати од Чека. Во 1925 година му било дозволено да го напушти СССР, главно бидејќи Чека мислела дека бил смртно болен со саркома, дијагноза која подоцна се покажала неточна.[4] Ги продолжил неговите студии на Берлинскиот универзитет и во 1928 година го добил докторатот по економија под водство на Вернет Зомбарт, пишувајќи ја неговата дисертација за „Кружниот тек во економијата“. Ран професионален животОд 1927 до 1930 година работел во Институтот за светска економија на Килскиот универзитет. Таму го истражувал потеклото на кривите за побарувачка и понуда. Во 1929 година отпатувал во Кина како советник на министерот за железници. Во 1931 година заминал за САД и се вработил во Националното биро за економско истражување. Во текот на Втората светска војна, Леонтјев бил консултант на американското биро за стратешки услуги. Поврзаност со ХарвардЛеонтјев се приклучил на економската катедра на Харвард во 1932 година и во 1946 година станал професор по економија. Околу 1949 година, Леонтјев ги користел првичните компјутерски системи достапни тоа време во Харвард за да ги внесе податоците добиени од американскиот завод за вработување, делејќи ја американската економија на 500 сектори. Леонтјев направил линеарно равенство за секој сектор засновано на податоците и користел компјутер, Харвард Марк II, за да го реши системот, едно од првите значајни употреби на компјутерите при математичко поставување.[5] Леонтјев воспоставил истражувачки проект во 1948 година и останал директор на проектот до 1973 година. Започнувајќи од 1965 година заседавал со Харвардското друштво. Поврзаност со Њујоршкиот универзитетВо 1975 година, Леонтјев се приклучил на Њујоршкиот универзитет и го основал и го водел Институтот за економска анализа. Личен животВо 1932 година, Леонтјев се оженил со поетесата Естела Маркс. Нивното единствено дете, Светлана Леонтјев Алперс, се родило во 1936 година. Леонтјев уживал во ловењето риба, гледањето балет и пиењето вино. Со години одморал на неговата фарма во Вест Бурк, Вермонт, но откако се преселил во Њујорк во 1970-тите години, одморал во летната резиденција во Лејквил, Конектикат. Леонтјев умрел во Њујорк на 5 февруари 1999 година на возраст од 93 години. Неговата жена починала во 2005 година. Поголеми придонесиЛеонтјев е главно поврзуван со развојот на линеарниот модел на општата рамнотежа и користењето на анализата за инпут-аутпут, која потекнува од неа. Направил придонеси и во други полиња во економијата, како меѓународната трговија, каде го прикажал Леонтјевиот парадокс. Бил еден од првите кој ја поставил теоремата за композитно добро. Леонтјев ја добил Нобеловата награда за економија за неговата работа на табелите за инпут и аутпут. Табелите инпут-аутпут го анализира процесот преку кој инпутите од една индустрија произведуваат аутпути за потрошувачка или за инпути за друга индустрија. Со табелата инпут-аутпут може да се процени промената во побарувачката за инпути која ќе предизвика промена во производството на финалното добро. Анализата претпоставува дека соодносот на инпутот е фиксен; така користењето на анализата инпут-аутпут е ограничена на приближни бројки, отколку точни предвидувања. Инпут-аутпут бил необичен и бил поттикнат од голема емпириска работа; во 2010 година неговиот итеративен метод бил признаен како ран интелектуален претходник на PageRank на Гугл.[6][7][8] Леонтјев ја користел анализата инпут-аутпут за изучување на одликите на движењето на трговијата помеѓу САД и другите земји и го пронашол она што е наречено Леонтјев парадокс; „оваа земја ја применува надворешната трговија со цел оптимизацијата на нејзиниот капитал и распоредување на прекубројната работна сила, отколку обратно, т.е., изворот на САД бил релативно трудоинтензивен спореден со увозот на САД. Ова е спротивно на тоа што би се очекувало, сметајќи дека компаративната предност на САД биле капиталните добра. Според некои економисти, овој парадокс бил објаснет со фактот дека кога земја произведува „повеќе од две добра, изобилството на капитал споредено со труд не наметнува дека капиталната интензивност на нејзиниот извоз треба да го надминува оној на увозот“.[9] Леонтјев бил исто така силен проповедник на употребата на квантитативни податоци во изучувањето на економијата. Низ неговиот живот, Леонтјев се борел против „теоретските претпоставки и ненабљудуваните факти“.[10] Според Леонтјев, премногу економисти немале желба „да си ги извалкаат рацете“ со работење на сурови емпириски факти. На крајот, Василиј Леонтјев направил многу да ги направи квантитативните податоци подостапни и неопходни за изучување на економијата. Публикации
Награди
Во негова честИнститутот за глобален развој и животна средина при Универзитетот Тафтс секоја година ја доделува наградата за економија „Леонтјев“, наречена во негова чест. Наводи
Надворешни врски![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia