Бенгт Холмстрем![]() Бенгт Роберт Холстрем (фински: Bengt Robert Holmström; 18 април 1949, Хелсинки) — фински економист со шведско потекло, добитник на Нобеловата награда во 2016 година за придонесот во теоријата на договорите (Contract theory). Образование и кариера![]() Холстром е роден во Хелсинки, во 1949 година. Дипломирал во областите математика, физика и статистика на Универзитетот во Хелсинки во 1972 година. Магистрирал во 1975 година на Универзитетот Стенфорд (Stanford University) во областа на операционите истражувања, а на истиот универзитет докторирал во 1978 година. Својата академска кариера Холмстром ја започнал на Hanken School of Economics во Хелсинки, каде работел како доцент во периодот 1978-1979. Потоа се преселил во САД, каде работел како доцент и вонреден професор на Северозападниот Универзитет (Northwestern University) во периодот 1979-1983. Од 1982 до 1993 година бил професор на Универзитетот Јеил (Yale University), а потоа продолжил да работи како професор на МИТ.[1] Исто така, тој бил консултант на повеќе големи фирми, меѓу кои и на „Дајмлер-Бенц“.[2] Научна дејностНаучниот придонес на Холмстрем е во областа на некомплетните договори (Incomplete contracts) во кои не можат однапред да се предвидат сите можни околности, ниту отпосле да се измерат прецизно остварувањата на договорните страни. Тој особено ги проучувал договорите за вработување кај кои го вовел т.н. „принцип на информативност“, според кој примањата на менаџерот треба да се поврзе со некоја мерка на успешноста на фирмата што ја раководи тој, и тоа таква мерка што може да обезбеди информации за менаџерскиот напор што го вложил. На пример, таква мерка може да биде цената на акциите на фирмата. Според овој принцип, кај фирмите чии резултати се менуваат често, менаџерите треба да земаат фискни плати, кои не се врзани за остварувањата на фирмата. Холмстрем дал придонес и во развивањето на моделот на повеќе задачи (Multitasking model), каде некои работни места вклучуваат задачи кои се лесно мерливи и задачи кои се тешко мерливи. Оттука, платата за овие работни места не треба да биде врзана за лесно мерливите задачи, туку таа треба да содржи голема фиксна компонента.[2] Поважни публикацииХолмстрем објавил повеќе трудови во престижните економски списанија, како:[1]
Исто така, тој е и автор на следниве книги:[3]
Награди и признанијаХолмстром е член на Економетриското друштво (Econometric Society), на Националното биро за економски истражувања (National Bureau of Economic Research), член на извршниот комитет на Центарот за истражување на економската политика (Center for Economic Policy Research), на Американската академија на уметностите и науките (American Academy of Arts and Sciences), на Американското финансиско друштво (American Finance Society), како и надворешен член на Кралската шведска академија на науките и на Финската академија на науките. Исто така, тој е носител на почесни докторати од три високошколски институции: Стокхолмската школа за економија, Ханкеновата школа за економија и Универзитетот на Васа. Во 2011 година бил избран за претседател на Економетриското друштво. Во 2013 година ја добил наградата на Банката на Франција, следната година станал добитник на наградата за финансиска економија „Стифен А. Рос“ и на наградата на CME-MSRI за иновативни квантитативни апликации. Најпосле, Холмстром бил уредник или членувал во уредувачкиот одбор на неколку економски списанија, како: Review of Economic Studies (1982-1985), Journal of Economic Theory (1983-1993), Rand Journal of Economics (1986-1989), Econometrica (1984-2001) и Journal of Law, Economics and Organization (од 1989).[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia