Аеродром Росток-Лаге
Аеродром Росток-Лаге (германски: Flughafen Rostock–Laage; понекогаш само Аеродром Росток) (IATA: RLG, ICAO: ETNL) — аеродром на Росток, најголемиот град во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија, кој е именуван по општината Лаге, која се наоѓа во округот Росток. Обезбедува летови до поголемите градови во Германија, како и некои чартери. Покрај цивилниот карактер, седиштето на Тактичкиот воздухопловен винг на Луфтвафе се наоѓа на воениот дел од аеродромот. ИсторијаИзградбата на аеродромот започнала во 1979 како објект на Националната народна армија на Источна Германија. Бил пуштен во употреба во 1984. Војската го напуштила во 1990, но повторно се вратила во 1993. Во истата година започнале и цивилните летови, кои се одвивале на 60 хектари од аеродромот. Аеродромот се очекува да забележи загуба од 2,8 милиони во 2013 и пад на патниците од 12 проценти. Бидејќи покраинската влада не е расположена да продолжи со финансиска помош, операторот на аеродромот се соочува со можно банкротство во блиска иднина.[1] Објекти![]() Аеродромот се состои од една современа терминална зграда во која има продавници и ресторани. Зградата е опремена со два патнички моста. Аеродромот може да опслужи средни воздухоплови, како што е Ербас А320. Исто така може да опслужи и помали авиони. Авиопревозници и одредишта
Најблиски меѓународни аеродроми се Берлин-Тегел (190 км на југ) и Хамбург (200 км на запад). ПристапПостојат три автобуси во денот од главната железничка станица во Росток. Растојанието е 25 километри. Во близина се наоѓа автопатот А19 (Росток-Берлин). ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia