Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Германија Берлин" does not exist
Аеродромот Берлин-Шенефелд (германски: Flughafen Berlin-Schönefeld) (IATA: SXF, ICAO: EDDB) бил меѓународен аеродром сместен во близина на градот Шенефелд, во сојузната покраина Бранденбург, на самата јужна граница со Берлин и 18 километри југоисточно[1] од центарот на градот. Шенефелд бил главен цивилен аеродром на Источна Германија (ГДР) и единствен аеродром, кој го опслужувал Источен Берлин. Денес стана Терминалот 5 на новиот Аеродром Берлин-Бранденбург.
Аеродромот Шенефелд е сместен надвор од границите на градот, за разлика од аеродромот Берлин-Тегел. Но, затоа пак, проблемот со бучавата е помалку присутен во Шенефелд. Аеродромот се спои со новиот Аеродром Берлин-Бранденбург во 2020.[2]
Аеродромот Шенефелд забележува голем пораст во бројот на патници во последните години, што се должи на отворањето на свои бази на EasyJet и Germanwings. Во 2008, аеродромот опслужил 6,6 милиони патници. На почетокот на зимската сезона во 2012, Germanwings го напуштил Шенефелд и се преселил на Берлин-Тегел како последица на задоцнетото отворање на Берлин-Бранденбург.[3]
Аеродромот Шенефелд бил отворен на 15 октомври 1934, каде била сместена фабриката на Henschel. До крајот на Втората светска војна биле произведени над 14.000 воздухоплови. На 22 април 1945, аеродромот бил окупиран од советските трупи, а производството на авиони било прекинато. До крајот на 1947, била поправена железничката врска до аеродромот. Во 1946, советските воздухопловни сили се преместиле од Јоханистал во Шенефелд, вклучувајќи го и цивилниот авиопревозник Aeroflot. Во 1947, советската администрација одобрила изградба на цивилен аеродром на местото. Помеѓу 1947 и 1990, аеродромот Шенефелд бил преименуван неколкупати и конечна станал главен аеродром на ГДР (Zentralflughafen).
Одредбата во Берлинскиот конгрес по Втората светска војна била целосна забрана на германските авиопревозници во воздушниот сообраќај до Берлин, каде пристапот бил ограничен на американските, британски, француските и советските авиопревозници. Бидејќи аеродромот Шенефелд се наоѓал надвор од границите на Берлин, оваа забрана не важела. Така, авиопревозникот на Источна Германија Interflug можел да го користи аеродромот Шенефелд, додека на западногерманската Lufthansa ѝ бил забранет пристапот до аеродромите Тегел или Темпелхоф.
По повторното обединување на Германија во 1990, управувањето на трите аеродрома довело до многу високи трошоци, што довело берлинските власти да побараат единствен аеродром кој би бил поефикасен и би го намалило количеството на бучава од аеродромот во рамките на градот. Така било одлучело да се изгради аеродромот Берлин Бранденбург на местото на аеродромот Шенефелд, првично предвиден да се отвори во есента 2012. Поради различни прочини, повеќе проблеми со системот за пожар и безбедност, отворањето било одложено за 2014. Новиот аеродром ќе дели само една писта со постоечкиот. Поголем дел од стариот аеродром, вклучувајќи ги терминалите и пероните ќе доживеат комплетна урбана обнова по неговото затворање.
Терминали
Воздушен поглед
Аеродромот Шенефелд има четири терминали (A, B, C, D),[4] иако ова важи само за пријавувањето, додека се користи само еден заеднички излез.
Главната зграда е една од првите делови на аеродроми. Во нејзе се наоѓаат пријавувањата за терминалите А и В. Терминалот А најмногу е користен од страна на Ryanair. Терминалот В, во страничното крило, бил првично резервиран за транзитните патници до и од Западен Берлин, кои ги користеле евтините авионски патувања преку источногерманските туристички агенции. Денес е користен од easyJet, што му го донело и името Терминал easyJet.
Терминалот C бил првично изграден да ги опслужи летовите до Израел. Бил изменет во 2008 и сега опслужува патувања за разгледување и летови за специјални настани.[5]
Терминалот D бил отворен во декември 2005 поради енормно зголемениот број на патници. Најмногу е користен од Condor.
Авиопревозници и одредишта
Аеродромот Шенефелд ги опслужува следниве авиопревозници. Сите летови ќе бидат префрлени на новиот аеродром во 2014 (или подоцна) кога ќе се отвори новиот аеродром.
Адана (започнува на 7 ноември 2013), Бејрут (започнува на 28 октомври 2013), Фуертевентура (започнува на 2 ноември 2013), Хургада (започнува на 2 ноември 2013), Скопје (започнува на 20 декември 2013)
Главното седиште на Private Wings се наоѓа на терминалот за општа авијација („Allgemeine Luftfahrt“) во посед на аеродромот Шенефелд.[6][7][8] Пред неговото пропаѓање, седиштето на источногерманскиот авиопревозник Interflug се наоѓало на самиот аеродром.[9][10]
Аеродромот Шенефелд е опслужуван од железничката станица Аеродром Берлин-Шенефелд, сместена на мала оддалеченост од аеродромскиот терминал. Линиите на берлинската С-Железница С9 и С45 сообраќаат на секои дваесет минути. Регионалниот експресен воз AirportExpress е единствена директна врска со центарот на Берлин. Сообраќа на секои 30 минути и застанува на најважните станици во Берлин.
Аеродромот е поврзан со локалните автобуски линии, како што се 162 и 171. Дополнително автобусот X7 обезбедува врска со мрежата на берлинската У-Железница кај станицата Рудов[11] Ноќе постои замена за автобусите, а тоа автобусот N7.
На 14 август 1972, авионот Иљушин Ил-62 на Interflug се срушил близу Кенигс Вустерхаузен кратко по полетувањето за Бургас, при што загинале сите 156 патници и екипажот.
На 22 ноември 1977, авионот Тупољев Ту-134 на Interflug се срушил при слетување на аеродромот Шенефелд поради погрешно наместен автопилот. Немало жртви помеѓу 74. патници и екипажот, но авионот бил оштетен.[12]
На 19 август 1978, Летот 165 на LOT од Гдањск до Шенефелд (Тупољев Ту-134), бил преземен и присилен да слета на аеродромот Темпелхоф во Западен Берлин, со што бил искористен за пребегнување од Источниот блок. Вообичаено во овие случаи сторителите не биле обвинувани од западните власти.[13]
На 12 декември 1986, Тупољев Ту-134 на Aeroflot доаѓајќи од Минск се урнал во Берлин-Бонсдорф при пристапување кон аеродромот Шенефелд, откако се обидел да слета на писта, која била привремено блокирана поради градежни работи, при што загинале 72 од 82 патници и екипажот.[14]
На 17 јуни 1989, авионот Иљушин Ил-62 на Interflug упатен кон Москва се урнал кратко по полетувањето близу аеродромот и предизвикал пожар. 21 патник, како и едно лице на земјата загинале. Источногерманските власти стравувале од саботажа поради годишнината на востанието во Источна Германија, што довело за задоцнета помош за повредените луѓе. Западногерманските спасувачи понудиле помош, но им бил забранет пристапот на местото. Подоцна, причината за несреќата била припишана на проблеми во кормилото поради грешка во изработката.[15]
На 28 март 2000, Боинг 737-300 на Germania на чартер-лет од Тенерифе до Шенефелд бил предмет на киднапирање во обид во текот на летот. Патник влегол во пилотската кабина, каде го нападнал пилотот, што довело до ненадеен пад на висината. Сторителот бил смирен и летот продолжил до Берлин.[16]
На 19 јуни 2010, историскиот Даглас ДЦ-3 изграден во 1944 на Berlin Air Services се срушил кратко по полетувањето на лет за локално разгледување, предизвикувајќи 7 повредени, но без жртви.[17]