Карта на Азија-Тихоокеанија. Со темнозелено е главнината на азиско-тихоокеанските земји, а со светлозелено се обележани понекогаш опфатените подрачја.
Азија-Тихоокеанија или Азија-Пацифик — дел од светот во подрачјето на западниот Тихи Океан и околу него. Опфатот на овој географски поим зависи од контекстот, но начелно подразбира голем дел од Источна , Јужна и Југоисточна Азија , како и Океанија .
Поимот понекогаш ги опфаќа и најисточните приморски делови на Русија (Северна Тихоокеанија) и земјите во Америка кои излегуваат на источниот Тихи Океан; на пример, во организацдијата за Азиско-тихоокеанска економска соработка членуваат Канада , Чиле , Русија , Мексико , Перу и САД . Во друга смисла, под поимот се подразбира речиси цела Азија и Австралазија како и тихоокеанските островски држави (Азија-Тихоокеанија и австралискиот континент ), особено во стопанско-трговски контекст.[ 1] Исклучок од ова е Западна Азија , која никогаш не се вбројува во ова подрачје.
Иако не е сосема уточнет, поимот добил на значење во трговијата , финансиите и политиката почнуваќи од крајот на 1980-тите. И покрај разнообразноста на стопанствата во подрачјето, највеќето поединечни земји во Азија-Тихоокеанија важат за брзорастечки пазари.[ 2]
Составни подрачја
Во склоп на Азија-Тихоокеанија влегуваат следниве земји и територии:
Источна Азија
Југоисточна Азија
Јужна Азија
Средна Азија
Западна Азија
Австралазија
Меланезија
Микронезија
Полинезија
Податоци за земјите и териториите
Земја / Територија
Површина (км²)
Население
Густина (жит/км²)
БДП мил. долари (2017)
БДП по жител долари (2017) [ 3]
Главен град
Австралија
7.692.024
23.731.000
2,8
1.482.539
49.928
Канбера
Бангладеш
147.570
156.594.962
1.033,5
205.715
1.359
Дака
БИОТ
54.400
3.000
58,3
—
—
Диего Гарсија
Брунеј
5.765
415.717
67,3
17.426
26.939
Бандар Сери Бегаван
Бутан
38.394
742.737
18,0
6.384
2.804
Тимбу
Виетнам
331.210
88.069.000
265
187.848
2.186
Ханој
Индија
3.287.263
1.324.171.354
398,8
2.690.000
1.939
Њу Делхи
Индонезија
1.904.569
252.164.800
124,66
856.066
3.570
Џакарта
Источен Тимор
14.874
1.171.000
76
4.510
1.162
Дили
Камбоџа
181.035
15.205.539
81,8
16.899
1.270
Пном Пен
НР Кина
9.596.961
1.357.380.000
145
10.355.350
8.123
Пекинг
Јапонија
377.944
126.434.964
337
4.769.804
38.894
Токио
ДНР Кореја
120.540
24.895.000
198
27.820
583
Пјонгјанг
Јужна Кореја
100.210
51.302.044
500
1.449.494
27.539
Сеул
Лаос
236.800
6.320.000
27
11.707
2.353
Виентијан
Макао
29
541.200
18.662
36.428
73.187
Макао
Малдиви
298
341.356
1.102,5
4.920
8.602
Мале
Малезија
329.847
30.185.787
90
336.913
9.503
Куала Лумпур
Мјанмар
676.578
50.496.000
74
65.291
1.275
Непјидо
Монголија
1.564.116
2.736.800
2
11.725
3.686
Улан Батор
Непал
147.181
26.494.504
180
62.384
730
Катманду
Нов Зеланд
268.021
4.357.437
16
201.028
39.427
Велингтон
Пакистан
803.940
226.174.380
234,4
269.971
1.468
Исламабад
Папуа Нова Гвинеја
462.840
6.732.000
15
16.096
2.183
Порт Морсби
Сингапур
710
5.183.700
7.023
307.085
52.961
Сингапур
Тајван
36.191
23.119.772
639
505.452
31.900
Тајпеј
Тајланд
513.120
67.764.000
132
380.491
5.908
Бангкок
Хонгконг
1.104
7.234.800
6.544
292.677
43.681
Хонгконг
Филипини
343.448
118.374.000
307
289.686
2.951
Манила
Фиџи
18.274
909.389
46,4
8.330
5.153
Сува
Шри Ланка
65.610
20.277.597
323
233.637
3.835
Коломбо
Поврзано
Наводи
Надворешни врски