Акромегалија
Акромегалија (acromegaly) (старогрчки: ἄκρος (akros) и μέγας (megas)), е ретка хронична болест настаната како последица на претерано излачување на хормонот соматотропин кај возрасни луѓе. Акромегалија е ретка, хронична, сериозна невроендокрина болест кај која хипофизата (кај возрасни лица) лачи прекумерна количина на хормон за раст. Предизвикана од тумор, аденом на хипофизата, таа се јавува кај 4-7 лица на 100 000 жители. Тоа доведува до прекумерен раст, но, кај возрасните болни од акромегалија забележуваме деформитети. Се воочува зголемување на внатрешните органи при ехо и радиолошки прегледи. Растат коскените ткива, но исто така забележливи се промени и на внатрешните органи. Болеста е предизвикана од тумор-аденом на хипофиза, чија функција е нарушена, а најчесто се тоа макроаденоми со пречник поголем од 10мм. Во голем број случаи се работи и за комбинирани тумори, при што има зголемено лачење и на други хормони како пролактин, тиреоидни хормони и сл. Овие тумори се најчесто доброќудни, капсулирани тумори. Во редок случај има појава на злоќудни тумури.[1] СимптомиАкромегалија најчесто не се воочува сè до средна возраст, најчесто од 50 г. од животот. Постепен раст, а со тоа и деформации се забележуваат дури по десетина години. Првите симптоми што болниот ги забележува се постепеното зголемување на дланките и стапалата – н. пр. почнуваат да го стегаат прстените и приметува дека му се потребни поголем број на обувки. Се зголемува и главата. Вратот станува поширок, челото издолжено, долната вилица, носот и ушите се поистурени. Кожата и јазикот се задебелуваат, а цртите на лицето стануваат погруби. Гласот кај овие лица станува подлабок. Лицата погодени од ова хормонско заболување честопати се соочуваат со потреба од санации на вилицата или промена на протезите. Понатаму, чувствуваат трнење на рацете и замор, сè повеќе се потат, чувствуваат малаксаност и болки по целото тело. Растот на коските кој ја здебелува р,скавицата доведува до проблеми во зглобовите, артропатија и артритис. Кај жените може да се појави зголемена влакнатост. Некои случаи на Акромегалија се пропратени со шеќерна болест. Покрај тоа, ако туморот на хипофизата е голем може да предизвика притисок на соседните делови на мозокот. Хипофизата е како приврзок на очниот нерв, поради што овие тумори можат да доведат до пореметувања во видот, намалено видно поле, и во краен случај може да предизвика слепило. Главоболки со јак интензитет на површината од целата глава или дел се дел од она што го нагласуваат болните од Акромегалија и истите не се смируваат со лекови. ОпасностиКолку повеќе време болеста не се лекува, толку повеќе опасноста е поголема. АКО срцето и понатаму се зголемува, може да доведе до ДЕКОМПЕНЗАЦИЈА на срцето, Лицата со акромегалија се подложни на полипи и други клеточни промени.Ризк за појава на гастритис и тумори на дебело црево. . Можен е висок крвен притисок, а големиот тумор на хипофизата може да предизвика проблеми со видот и оштетувања на другите делови од хипофизата предизвикувајќи хипопитутаризам. Болеста доколку не се лечи може да доведе до смрт. ЛекувањеДоколку станува збор за активен тумор кој ги предизвикува промените кај болниот, потребно е истиот да се отстрани или уништи. Начините на кои ќе се третира болеста зависи од повеќе фактори поради што е потребен специјалистички третман. Покрај примарните проблеми неопходно е да се лекуваат евентуално и другите здравствени проблеми кај пациентот кои се појавиле како последица од Акромегалијата.
Проблемите со видот можат исто така успешно да се санираат.Меѓутоа со оперативен зафат не може да се смета на тоа дека ќе се отстранат и промените на коските и изгледот кои се воглавно реверзибилни(неповратни).
Фармаколошка терапијаПримарна терапија со лекови кај пациенти со акромегалија се соматостатинските аналози – октреотид (Sandostatin) или ланреотид (Somatuline). Овие аналози се синтетски форми на хормонот соматостатин, кој го инхибира создавањето на хормон за раст. Знаци и симптоми
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia