Примарен алдостеронизам
Примарниот алдостеронизам (хипералдостеронизам) е тип на хормонско пореметување кое води до висок крвен притисок, односно хипертензија. Адреналните жлезди, познати уште како надбубрежни жлезди, се ендокрини жлезди, кои се одговорни за ослободување на хормони при стресни ситуации преку синтеза на кортикостеодниот хормон - кортизол и катехоламинот – епинефрин.Адреналните жлезди ја афектираат и бубрежната функција преку секреција на минералокортикоидот - алдостерон, хормон кој е инволвиран во регулирање на осмоларноста на крвната плазма, односно рамнотежата на калиум и натриум во крвта. Кај примарниот алдостеронизам, адреналните жлезди прекумерно создаваат алдостерон, предизвикувајќи губење на калиум и ретенција на натриум. Вишикот на натриум ја задржува водата, зголемувајќи го крвниот волумен, а консеквентно се покачува крвниот притисок. СимптомиГлавните знаци на примарен алдостеронизам се:
Најчестите состојби кои предизвикуваат прекумерна продукција на алдостерон вклучуваат:
Во поретки случаи, примарниот алдостеронизам може да биде предизвикан од:
КомпликацииПримарниот алдостеронизам доведува до висок крвен притисок и хипокалемија. Овие компликации може да доведат до други здравствени проблеми. Проблеми поврзани со хипертензијаПерзистентно зголемениот крвен притисок може да доведе до следниве проблеми:
Високиот крвен притисок предизвикан од примарен алдостеронизам има поголем ризик од кардиоваскуларни компликации, отколку другите типови на хипертензија. Проблеми поврзани со ниското ниво на калиумНекои, но не сите луѓе, со примарен алдостеронизам, имаат ниски нивоа на калиум во крвта. Благата хиполакемија може да не предизвика значителни симптоми, но ниското ниво на калиум може да доведе до:
ДијагнозаПостојат повеќе методи што се однесува во дијагнозата. Скрининг-тестовиНа почетокот, лекарот го мери нивото на алдостерон и ренин во крвта. Ренинот е ензим кој се ослободува од страна на бубрезите, а помага во регулирањето на крвниот притисок. Комбинацијата од ниско ниво на ренин, а високо на алдостерон, индицира на примарен алдостеронизам. Потврдни тестовиАко алдостерон-ренинскиот тест сугерира на примарен алдостеронизам, потребно е да се извршат следниве дијагностички тестови и процедури:
ТерапијаЛекувањето на примарниот алдостеронизам зависи од основната причина, но најважно е да се нормализира или блокираат ефектите од високото ниво на алдостеронот и да се спречат потенцијалните компликации поврзани со високиот крвен притисок и ниското ниво на калиум. Третман на тумор на адренални жлезди
Третман за хиперреактивни надбубрежни жлезди
Употребен материјалhttp://www.zazdravje.com.mk/bolesti/a Архивирано на 23 април 2013 г.
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia