Албасете (покраина)
Албасете (шпански: Albacete) — покраина во јужниот дел на автономната заедница Кастиља-Ла Манча, Шпанија. Во 2021 г. населението броело 386.464 жители. Седиште е истоимениот град Албасете, на 262 км југоисточно од Мадрид.[1] ИсторијаТериторијата на денешната покраина е населена уште од древно време, за што сведочат пештерските слики од Куева дел Нињо и Куева де ла Вјеха.[2] Во римско време подрачјето на покраината бил дел од Карпетанија и Келтиберија, Контестанија, Бастетенија и Оретанија. Римјаните изградиле важен град во Либисоса,[3] а за време на Визиготите, на важност добил Толмо де Минатеда. Во исламско време териториите на покраината биле под разни влијанија, кога се изградени бројни замоци и стражарски кули за одбрана од напади. Во средновековието тука се одиграле поголем број битки. На 25 април 1707 г. крај градот Албасете се одиграла и Битката кај Алманса која завршила со победа на Филип V, негово доаѓање на престолот и втемелување на династијата Бурбонци во Шпанија.[4] Во 1822 г. е создадена краткотрајната покраина Чинчиља сочинета од општини во покраините Ла Манча, Куенка и Кралството Мурсија. Главниот град Чинчиља де Монтеарагон, мошне блиску до Албасете, послужил како основа за покраината Албасете, создадена во 1833 г. по наредба на Хавиер де Бургос.[5] Со усвојвуањето на уставот од 1978 г. покраината Албасете се префрлила од регионот Мурсија во регионот Кастиља-Ла Манча, а во 1982 г е одобрена нејзината автономија.[6] ГеографијаПокраината се наоѓа југоисточно од Централната Висорамнина и зафаќа површина од 14.926 км2. Се граничи со покраините Гранада, Мурсија, Аликанте, Валенсија, Куенка, Сиудад Реал и Хаен. Поделена е на 87 општини и 7 судски окрузи. Седиште на управата е градот Албасете. Други поважни градови (со преку 10.000 жители) се Ељин, Виљаробледо, Алманса, Ла Рода и Каудете. Најголема река низ покраината е Хукар, која ја преминува на североисток и е позната по длабоките клисури и живописните дрва.[7] На запад тече Лагунесе де Руидера. Други реки се Кабриел (на североисточната граница), Салобрал, Навалкуди и Тахо-Сегура (во средишниот дел), Корколес (на југозапад) и Гвадалмена, Мундо, Тус, Сегура и Таибиља (на југ). НаселениеОва е бројноста на населението на покраината низ годините: ![]() СтопанствоВо 2020 г. вкупната вредност на производството во покраината изнесувала 1,03 милијарди долари.[8] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia