Во 2022 г. населението броело 153.803 жители[1], од кои една третина живеат во главниот град. Од вкупно 209 општини во покраината,[2] повеќе од половина се села со помалку од 200 жители.
Се смта дека името Сеговија е од келтиберско потекло, но исто така се смета дека произлегува од освојувањето на Кастиља од Визиготите, скандинавско / германско племе кое живеело на ова подрачје од IV до VI век.[3] Историското наследство на покраината е богато и разновидно. Во главниот град се наоѓа 800-метарскиот римски аквадукт, кој е од посебно значење. Целиот град е прогласен за светско наследство во 1985 г.[4] Селата Сепулведа, Ајљон, Педраса, Кока и Ла Гранха де Сан Илдефонсо привлекуваат голем број туристи.[4] Во Ла Гранха има државен споменик на културата — Кралскиот дворец. Во Ајљон е куќата на истакнатиот поет Антонио Мачадо.[4] Туризмот е една од главните стопански гранки. Од големо значење е и земјоделството. Најважни житарки во минатото биле пченицата, јачменот, ’ржта и оризот.[5] Во XVII век житното производство опаднало во многу места.[6] Развиено е и сточарството.[7]
Развој на населението
The historical population is given in the following chart: