А Коруња (покраина)
А Коруња (галисиски: A Coruña) или Ла Коруња (шпански: La Coruña) — најсеверозападна покраина на Шпанија и една од четирите кои ја сочинуваат автономната заедница Галисија. Опкружена е од Атлантскиот Океан на запад и север, покраината Понтеведра на југ и покраината Луго на исток. ИсторијаИсторијата на покраината започнува некаде на крајот од средниот век, за време на владеењето на католичките кралеви. Во тоа време покраината била значително помала од денес, а денешните граници ги добила дури со територијалното преуредување на Шпанија во 1833 г. кога сета покраина Бетансос и половината од Мондоњедо биле споени во една, со главен град А Коруња. Оттогаш А Коруња е покраина со најголемо население и најголд брег во Галисија. Сè до втората половина на XX век, покраината била духовно и културно средиште на сиот регион. Универзитетот на Сантјаго де Компостела бил единствениот во северозападна Шпанија сè до смртта на Франциско Франко. Главни знаменитостиОд исклучително значење е катедралата „Сантјаго де Компостела“ како крајно одредиште на познатиот Пат за Сантјаго — важен историски пат за поклонение на Апостол Јаков уште од средновековието. Тука и денес доаѓаат голем број поклоници од најразлични делови од светот. Паркови
СообраќајВоздушен сообраќај
Железнички сообраќај
СтопанствоПристаништа
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia