Од населението од 176.125 (2002), 45% живеат во главниот град Паленсија, кој се наоѓа на Кастиљскиот Канал. Во покраината има 191 општина, од кои повеќе од половина се села со помалку од 200 жители. Главните градови во оваа покраина се: Гуардо, индустриско-рударски град;[2] Агилар де Кампо, бисквитно и туристичко село во северна Паленсија; Eрера де Писуерга, село кое е порта кон планината Паленсине, исто така е познато по своите летни активности и Фестивалот на ракови; Вента де Бањос, важен железнички и индустриски спој јужно од покраината; Виљамурјел де Серато, село јужно од Паленсија кое својот развој го должи на фабриката на Рено[3] и неговата близина до Паленсија; Сервера де Писуерга, во срцето на планините Паленсине; Баруело, рударски град[4] кој бил најнаселен град до 1960-тите. Во средниот век, Визиготите владееле со Паленсија. Базиликата „Св. Јован“, најстарата визиготска црква во Шпанија, била изградена во 661 година во околината на Бањос де Серато.[5] Во текот на тринаесеттиот век во покраината бил основан универзитет. Тој бил првиот универзитет на територијата на денешна Шпанија и еден од првите во светот. Подоцна бил префрлен во Ваљадолид.[6]
Покраината се граничи на север со Кантабрија, на запад со покраината Леон, на исток со покраината Бургос и на југ со покраината Ваљадолид.
Во Паленсија се наоѓаат големи заштитени подрачја како што се природниот парк Фуентес Карионас и Фуенте Кобре-Монтања Паленсија.[7] Поимот историски регион во Паленсија, се однесува на оние региони создадени во XIV век, под името мериндади. Кантабриските планини се наоѓаат во северните делови на покраината. Врвот Куравакас висок 2.520 метри се наоѓа во покраината.[8] Главните комерцијални производи произведени во покраината се јачмен, пченица, шеќерна репка, коноп, ленена и волненаоблека, порцелан, кожа, хартија и килими. Преработката на храна и металургијата се главните индустрии.[8] Покраината има три судски области - по еден во Паленсија, Карион де лос Кондес и Сервера де Писуерга.[9]