Александар Г. Кожухарски или Кожухаров (Крива Паланка, 1867 — ?) — македонски лекар и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија.
Животопис
Александар Кожухарски е роден во 1867 година во Крива Паланка, тогаш дел од Отоманското Царство. За неговото основно образование тој учи во неговиот роден град. Во 1880-тите се преселува во Солун за да го продолжи неговото образование во Солунската машка гимназија. Во 1886 година станува дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија.[1] За неговото факултетско образование Кожухарски се преселува во Киев за да учи во Киевскиот универзитет. Во 1894 година е дипломиран за медицина.[2] После неговото образование тој се приклучува во Македонската револуционерна организација и учествува во нејзиното организирање во Ќустендил. Служи како главен лекар во тринаесетиот рилски пешадиски полк.
Наводи
- ↑ Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии) (PDF). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 89.
- ↑ Танчев, Иван (2001). „Македонският компонент при формирането на българската интелигенция с европейско образование (1878 – 1912)“. Македонски преглед (3. изд.). XXIV: 55.