Јордан Бомболов
Јордан Бомболов — македонски просветен деец и револуционер од Прилеп. Деец во Македонската револуционерна организација, дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија. ЖивотописЈордан Бомболов е роден во градот Прилеп, тогаш дел од Отоманското Царство. Потекнува од семејството Бомболовци, еден од најстарите семејства во Прилеп кои се доселиле во градот покрај 1830-тите. Внук е на Мирче Бомболов, најистакнат прилепски трговец во XIX век.[1] Јордан Бомболов е исто така роднина со Коста Бомболов. За основно образование тој учел во неговиот роден град, во 1880-тите се преселува во Солун да продолжи со неговото образование во Солунската машка гимназија. Во 1886 година тој завршува во гимназијата и станува дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија.[2][3] Јордан Бомболов одлучил во истата година да се пресели во Иксел, Белгија за да продолжи со неговото образование во Брукселскиот слободен универзитет. Во 1891 година завршува со неговото образование со диплома по политичка и административна наука, а во 1895 година добива докторат по право во францускиот град Екс ан Прованс.[4] Кога се врати во Македонија тој се вработи како професор во Бугарската егзархија и учител во Битолската машка гимназија. Станал долгогодишен учител во Прилепското машко класно училиште и после нејзин директор меѓу 1891 и 1893 година.[5][6] После Младотурската револуција во 1908 година се приклучува во новосоздадениот Сојуз на бугарските уставни клубови и е одбран како делегат во основачкиот конрес на партија претставувајќи го неговиот роден град Прилеп.[7] Меѓу 1909 и 1912 година се вработува како учител во Солунската машка гимназија.[8] Меѓу 1912 и 1913 година се преместува во Солунската женска гимназија.[9] После балканските војни за безбедност се преселува во Царството Бугарија. Се вработува како судија и учествува во судскиот орган на државата.[10] За време на втората светска војна и бугарската фашистичка окупација Јордан се враќа во Македонија со цел да учествува во стогодишната прослава на отворањето на Солунската машка гимназија и Битолската машка гимназија. Починал после војната. Литературни дела
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia