Јордан Мирчев
Јордан Мирчев (Прилеп, 15 септември 1874 — после 1931 г.) — македонски учител, политичар и пратеник во бугарското собрание како дел од Македонската парламентарна група. Дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија и третата генерација на матуранти од педагошкиот курс на Солунската гимназија. Служел како директор на Струмичката машка гимназија меѓу 1915 и 1916 година. ЖивотописЈордан Мирчев е роден во 1874 година во Прилеп, тогаш дел од Отоманското Царство. За неговото основно образование тој се школува во родниот град, во втората половина на 1880-тите се преселува во Солун за да учи во Солунската машка гимназија. Во 1886 година е дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија но сепак продолжува да се образува и во 1891 година станува дел од третата генерација на матуранти од педагошкиот курс на Солунската гимназија.[1][2][3] Се преселува во Софија и продолжува со неговото образование во Софискиот универзитет, завршува со неговото образование во 1895 година. Се враќа во Македонија и се вработува како учител во Бугарската егзархија, дејствува како професор во Скопје, Варна и Солун.[4] ![]() За учебната 1915/1916 година Мирчев бил назначен за директор на Струмичката гимназија, но поради Првата светска војна и дезертирањето на жителите во околијата, во гимназијата немало учебна година.[5] После Првата светска војна се преселува во Царството Бугарија за безбедност. Во Бугарија се приклучува во Внатрешната македонска револуционерна организација на Тодор Александров и на националниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации. Учествува во нејзиното тајно заседание во 1920 година за одбирање нови раководители на организацијата.[6] Одбран е како пратеник во бугарското собрание во 1927 година и учествува во 22. состав на бугарското собрание. Одбран е како пратеник од Петричкиот изборен округ. За време на неговиот мандат на 17 јули 1927 година заедно со претставителите од Горноџумајскиот изборен округ и Неврокопскиот изборен округ се делат од бугарската Радикална партија и ја формираат Македонската парламентарна група, со д-р. Иван Каранџулов како претседател и за секретар бил одбран Христо Узунов, истакнат деец во Задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација.[7] После убиството на српскиот генерал Михајло Ковачевиќ во Штип по наредба на Тодор Александоров, тогашната југословенска власт почнала да води строги мерки против македонските револуционери. Јордан Мирчев протестирал за лошото третирање на неговиот народ пред бугарското собрание.[8] На шестиот редовен конгрес на Сојузот на македонските емигрантски организации е одбран како член на националниот комитет на организацијата, заменувајќи го Борис Антонов.[9][10] Јордан Мирчев, Георги Кулишев и Константин Станишев во првата половина на 1928 година формирале комитет како компромис меѓу михајловистите и протогеровистите кои се бореле за контрола на централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организација.[11] Евтим Спространов и Јордан Мирчев биле едиствените членови во Националниот комитет кои не побарале отставка на Георги Кулишев, главниот уредувач на весникот „Македонија“ меѓу 1926 и 1934 година, кои после атентатот на Александар Протогеров развил омраза кон Иван Михајлов и редовно го критикувал во неговиот весник.[12] На седмиот редовен конрес на Сојузот на македонските емигрантски организации издржан во 1928 година Јордан Мирчев заедно со Евтим Спространов дале отстравка поради тоа што биле против раководната политика на организацијата.[13] Во 1931 година неговиот мандат како пратеник завршил. Не се знае кога починал. Литературни дела
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia