Горно Порој
Горно Порој или Горни Порој (грчки: Άνω Πορόια, Ано Пороја, влашки: Foroi) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 965 жители (2011). ГеографијаСелото се наоѓа 55 км северозападно од Сер и 30 км западно од Валовишта (Демир Хисар). Лежи на живописно место во јужното подножје на Беласица, на надморска височина од 380 метри.[2] На југоисток е Бутковското Езеро. Горно Порој е сместено амфитеатрално на два рида, меѓу кои тече суводолицата Порој и традиционално го дели на две маала — Варош на десниот брег и Џемаат на левиот.[3] ИсторијаВо Отоманското Царство![]() Староста на селото е непозната. Се знае дека значајно се зголемило во втората половина на XVIII век, кога во Солун управувал валијата Али-паша — во него се доселиле многу Македонци од околните села, како и Власи од Невеска и Авдела.[3] Во XIX век Горно Порој било едно од најголемите и најразвиени села во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Впрочем претставувало мало гратче. Улиците, иако криви и тесни, биле наполно калдрмисани и чисти.[3] Главно занимање на Македонците било земјоделството, трговијата и занаетчиството, како и свиларството. Во плодното поле одгледувале ’рж, јачмен, тутун, грав, пченица. Власите се занимавале со обработка на волна, сточарство, ситна трговија и по малку со земјоделство. Турците биле земјоделци.[3] Поради неговото богатство, селото се нарекувало „Мал Цариград“ (Ќучук Стамбул). Целата област од јужната страна на Беласица се нарекувала Поројско, по ова село и соседното Долно Порој. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Горни Порој (Gorni-poroï) имало 320 домаќинства од 1.000 жители Македонци и 60 Власи.[4][5] Во 1891 г. охридскиот деец Георги Стрезов напишал за селото:
Во селото веќе наголемо работела бугарската пропаганда на духовен и образовен план. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1891 г. во селото има две бугарски цркви во кои се служи на црковнословенски и една влашка црква во која се служи на грчки јазик. Има и две бугарски основни училишта и едно грчко основно училиште, кое го посетуваат Власите.[7] Според К’нчов во 1900 г. во Горно Порој живееле 3.780 лица, од кои 2.200 Македонци, 480 Турци и 1.100 Власи.[4][8] На почетокот на XX век македонските жители на Горно Порој биле под врховенството на Бугарската егзархија, а Власите се отцепиле од Цариградската патријаршија и основале своја романска општина со своја црква, влегувајќи во спорови со Македонците.[9] По податоци не егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Порој имало 3.840 Македонци под егзархијата, 25 „Грци“ и 750 Власи.[4] Во селото имало основно и основно и прогимназијално бугарско училиште.[10] Во 1906 г. Горно Порој броело 4.000 жители, од кои 2⁄3 Македонци, а останатите Власи, Власи гркомани и Турци. Работеле три христијански црковени општини — македонска (егзариска), грчка (патријаршиска) и влашка.[3] Македонската општина броела над 2.500 лица и имала по една црква во секое маало, како и две недобро уредени бугарски училишта. Таа била под управа на Демирхисарската егзархиска општина. Патријаршиската општина се состоела од 500 лица Власи гркомани и била потчинета на Мелничката митрополија. Таа поддржувала грчко училиште со двајца учители и една учителка. Влашката општина била новосоздадена, потчинета на македонската, и броела 500 – 600 лица, кои немале романска црква и ги посетувале македонските и грчката црква. Работело романско училиште со учители и учителка. Муслиманската општина во маалото Џеемат броела 400–500 лица и имала училиште на чело со оџа.[4][11] Во Грција![]() За време на Втората балканска војна на 9 јули 1913 г. селото е запалено од грчката војска.[12] По војната во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. броело 2.684 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 1.758 лица, веројатно поради војните.[2] Дел од македонското и дел од влашкото население биле приморани да се иселат во Пиринска Македонија, претежно во градовите Петрич, Горна Џумаја (Благоевград) и Пловдив во внатрешноста на Бугарија, како и во пиринските села од другата страна на Беласица — Елешница (Беласица), Коларово, Димидово (Самуилово), Клуч, Скрт и други. Официјалниот податок вели дека во Бугарија се иселиле вкупно 372 Македонци.[2] Во 1920-тите малубројните Турци се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а во селото се доведени грчки колонисти од Мала Азија. На пописот од 1928 г. Горно Порој е заведено како мешано село со вкупно 2.173 жители,[2] од кои 774 биле грчки доселеници (208 семејства), а останатите биле домородни Македонци и Власи.[13] Во 1935 г. почнала електрификацијата на селото. Во 1940 г. населението се покачило на 2.506 лица. За време на бугарската окупација во 1941 г. поголем број дојенски (грчки) семејства го напуштиле селото, па затоа таа година во него се заведени 1.970 жители. За време на Граѓанската војна одовде се отселиле и други дојденци, но по војната тие се вратиле во него.[2] Така, во 1951 г. во Горно Порој се попишани 2.143 лица, но населението почнало да опаѓа во 1960-тите поради преселба во градовите.[2] Најдрастичен пад на населението се случил во 2000-тите, кога населението опаднало од 1.529 во 2001 на 965 во 2011 г. Денес Горно Порој е популарно одредиште за селски и екотуризам. Селото располага со два хотела во традиционален стил и мноштво приватни сместувања. Во продавничките и кафеаните се нудат разновидни месни изработки и храни. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото произведува претежно земјоделство, одгледувајќи жито и компири. Застапено е и сточарството.[2] Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia