Алесио Черчи
Алесио Черчи (роден на 23 јули 1987 во Велетри) — италијански поранешен фудбалер, напаѓач или играч од средниот ред. БиографијаРоден е во Велетри, но по потекло е од Валмонтоне. На 4 јуни 2015 тој се оженил во Рим со Федерика Рикарди.[2] Технички карактеристикиПриродно игра со левата нога, со добра техника и брзина, игра главно како напаѓачко крило или по надворешните позиции во средниот ред: способен е да дејствува на двете страни од теренот, но претпочита да игра по десната страна за да може подобро да се намести да центрира и да шутира кон голот со левата нога.[3] Во деновите кога беше играч на Торино, тренерот Џампјеро Вентура го користел како втор напаѓач.[4] КариераКлупска кариераЧерчи израснал во Валмонте, а во 2003 година се приклучува на академијата на Рома. Во тоа време тренер на клубот бил Капело, кој во неговата последна сезона на клупата на џалоросите, му дал можност на 16-годишниот Черчи да дебитира на 16 мај 2004 година во натпреварот против Сампдорија.[5] На 21 март 2005 година го потпишал својот прв професионален договор[6] и, додека продолжува да игра во Примавера првенството, собрал уште други 3 настапи во Серија А до сезоната 2005-2006.[7] Својата најдобра сезона во кариерата ја одиграл во дресот на Торино во сезоната 2013-2014 во Серија А кога на 37 натпревари постигнал 13 гола и забележал 10 асистенции. Веднаш по таа сезона на 1 септември 2014, Черчи потпишал тригодишен договор со шпанскиот Атлетико Мадрид, кој за неговите услуги му платил на Торо 16 милиони евра.[8] Не можејќи да се избори за постојано место во почетната постава на колчонерос, Черчи бил позајмуван назад во Италија на Милан на 5 јануари 2015 и Џенова на 22 јануари 2016. На 31 август 2016 му пропаднал трансферот во Болоња поради тоа што не успеал да ги мине медицинските тестови заради проблеми со коленото па останал во Атлетико Мадрид, но одиграл само два натпревари за клубот во сезоната 2016-2017. На 10 јули 2017, Черчи потпишал за Хелас Верона,[9] каде одиграл 25 натпревари и постигнал 3 гола. На 17 август 2018, Черчи потпишал тригодишен договор со турската екипа Анкарагуџу.[10] На 7 август 2019, тој се вратил во Италија потпишувајќи договор за екипата од Серија Б, Салернитана.[11] Својата последна сезона во кариерата ја одиграл во екипата на Арецо во Серија Ц.[12] По една сезона без клуб, Черчи го објавил своето повлекување од фудбалот на 1 јули 2023 година. Репрезентативна кариераЧерчи бил член на сите младински селекции на Италија, од онаа под 16 до под 21 година. Своето деби за сениорската репрезентација го направил во ремито 2-2 против Бразил во пријателски натпревар. Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 15 април 2017..
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia