Андриј Лисенко
Андриј Евменович Лисенко (украински: Андрій Євменович Лисенко; 30 ноември 1915, Днепар (град) - 14 ноември 1984, Киев, Украина) — украински писател и преведувач на словенски јазици. ЖивотописЛисенко е роден во семејство на сиромашни селани во Катеринослав (денес Днепар). Тој дипломирал на Днепропетроскиот институт за народно образование во 1933 година, а подоцна и во Киев во 1938. За време на неговата младост тој се обидел да ги напише своите први поеми и приказни. Андриј Лисенко бил учесник и во Втората светска војна, каде бил тешко ранет. По војната, тој бил предавач на Универзитетот во Лавов, а подоцна работел и во Сојузот на украинските писатели. КариераНеговата работа од областа на литературата започнала во неговите педесетти години. Тој превел голем број на книжевни дела од различни словенски јазици на украински. Од бугарски, српско-хрватски, белоруски и руски тој превел романи, приказни и драми, но негов најголем успех е серија преводи од македонски јазик. Така, Лисенко превел:
43 приказни од 27 македонски автори преведени од Лисенко ја сочинуваат книгата „Македонска новела“ ( „Македонська новела“) испечатена во Киев во 1972 г. За оваа книга тој ја добил наградата „Златно перо“. Сè до неговата смрт тој преведувал и давал литературна критика на македонски писатели и дела. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia