Астероид од типот S![]() Астероиди од типот S — астероид од спектрален тип кој се одликува со силициум-диоксиден (каменест) минералошки состав. Околу 17 % од астероидите се од овој тип, што ги прави втори по застапеност по јаглеродните (тип C). ОсобеностиВаквите астероиди обично имаат албедо од 0,20[1] и се умерено сјајни, сочинети претежно од железни и магнезиумски силикати. Преовладуваат во внатрешниот дел на астероидниот појас во рамките на 2,2 ае, а чести во средиштето на појасот до 3 ае, но понатаму стануваат поретки. Најголем е 15 Евномија (широк 330 км), по што следат 3 Јунона, 29 Амфитрита, 532 Херкулина и 7 Ирида. Најголемите од нив се видливи со двоглед 10×50; насјајниот (7 Ирида) понекогаш надминува +7,0 во сјајност, што му дава најголема величина од сите астероиди освен необично отсјајната 4 Веста. Нивниот спекатар има умерено стрмна косина на бранови должини помали од 0,7 микрометри (μм), со умерени до слаби впивни особини околу 1 и 2 μм. Впивноста од 1 μм го означува присуството на силикати (каменест минерали). Наретко има широка, но плитка впивна особина сосредоточена околу 0,63 μм. Составот на овие астероиди е сличен на низа каменести метеорити кои делат слични спектрални особености. КласификацијаКласифијација по SMASSВо класификацијата по SMASS, неколку начелно „каменести“ типови на астероиди се ставаат заедно во поширока група S, опфаќајќи ги следниве типови:
Толенова класификацијаВо Толеновата класификација, типот S е мошне широка група која ги содржи сите типови од групата по SMASS освен A, Q и R, кои имаат особено изразени „каменести“ впивни особини околу 1 μм. Каменести астероидни семејстваПоважни каменести астероидни семејства со нивните типични албеда се:[1]
ПоврзаноНаводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia