Аполонски астероиди![]()
Аполонски астероиди (или аполони) — група близуземски астероиди наречени по астероидот 1862 Аполон, откриен од германскиот астроном Карл Вилхелм Рајнмут во 1930-тите. Тие се земјопресекувачки астероиди чија орбитална голема полуоска е поголема од онаа на Земјата (> 1 ае) но со перихелни растојанија помали од Земјиното афелно растојание (q < 1,017 ае).[1][2] Во декември 2018 г. биле познати 10.485 аполонски астероиди, поради што тие сочинуваат најголема класа на близуземски тела.[3] Од нив, 1.409 имаат бројни ознаки (кои ги добиваат кога ќе бидат забележани на две или повеќе противположбаи), а 1.648 се прогласени за потенцијално опасни астероиди.[4][5] На оние чија голема полуоска е поблиска до Земјината им треба помало занесување за да се пресечат орбитите. На класата на аполонски астероиди припаѓал метеорот што експлодирал над градот Чељабинск во Русија на 15 февруари 2013 г. и повредил преку 1.500 жители поради распрснатите стакла.[6][7] СписокНајголемиот познат аполонски астероид е 1866 Сизиф, чиј пречник изнесува 8,5 км. Еве ги попознатите астероиди од класата: ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia