Бертран Траоре
Бертран Исидор Траоре (роден на 6 септември 1995, во Бобо Диуласо) — е фудбалер од Буркина Фасо, крило или напаѓач на Ајакс и на репрезентацијата на Буркина Фасо. БиографијаБертран е син на Феу Траоре, кој исто така бил фудбалер. Неговиот татко кој играл за Расинг Клуб Бобо и ја претставувал репрезентацијата на Буркина Фасо има четири деца, а Бертран е најмладиот од нив.[1] Неговиот постар брат, Ален Траоре, исто така е професионален фудбалер,[1] додека неговиот братучед Ласина Траоре, во моментов е напаѓач на Шахтар Донецк.[2] Клупска кариераПочетоциТраоре ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на АСФ Бобо. Во 2009 година, тој се преселил во младинскиот сектор на францускиот клуб Осер, каде останал една година. Во август 2010 година, тој се приклучил на академијата на Челси;[3][4] сепак, трансферот не бил комплетиран се до 2013 година. Во јануари 2011 година, Траоре сè уште немал потпишано за Челси,[5] а во јануари 2012 година, клубот издал соопштение дека Траоре никогаш не бил играч на Челси, туку само еднаш се појавил за младинскиот тим на клубот на пријателски натпревар како дел од шестнеделниот пробен период претходно во сезоната.[6] На 17 јули 2013 година, сепак, тој го направил своето деби, како играч на проба, играјќи во претсезонскиот пријателски натпревар против Синга Ол Старс.[7] ЧелсиНа 31 октомври 2013 година, Траоре официјално потпишал четири ипол годишен договор со Челзи.[8][9] Тој потпишал договор со сениорскиот тим на Челси во декември 2013 година, а трансферот го комплетирал на 1 јануари 2014 година.[10][11] Заемот во ВитесеНа 2 јануари 2014 година, Траоре бил испратен на заем во екипата на Витесе член на холандската Ередивиси лига.[12] На 26 јануари, тој го направил своето деби, влегувајќи во 67-мата минута на местото на друг позајмен играч од Челси, Лукас Пиазон. На 29 март 2014 година, Траоре го постигнал својот прв гол, против Херенфен; тој го заменил Мајк Хавенар на полувремето, а во 67-мата минута го постигнал вториот гол за Витесе на натпреварот, на асистенција на уште еден позајмен играч од Челси, Кристијан Атсу.[13] На 6 април, Траоре го постигнал својот втор гол за сезоната на домашен атпревар против Ајакс во натпревар кој завршил нерешено 1–1.[14] Шест дена подоцна, тој го постигнал својот трет и последен гол за Витесе во сезоната 2013-2014, во поразот со 4-3 на гостувањето кај Камбур.[15] Сезоната ја завршил со 15 настапи и 3 гола. На 7 јули 2014 година, било потврдено дека Траоре ќе остане во Витесе на позајмица и за сезоната 2014–2015.[16] Својот прв гол за сезоната го постигнал во победата со 4–1 над Вилем II на 18 октомври.[17] Тој првенствено играл како десно крило за време на неговата прва позајмица во Витесе како и на почетокот на новата сезона во клубот, но во средината на декември, тренерот Петер Бош се одлучил да направи промена и да го премести Траоре од десната страна во осамен напаѓач на врвот од нападот, што довело до тоа младиот играч да го младиот играч да започне да постигнува повеќе голови. Првиот од серијата голови играјќи како напаѓач го постигнал на 14 декември во ремито 1-1 против Гронинген.[18] Во следните натпревари Траоре постигнал два гола против Ајакс во победата со 4-0 на Амстердам Арена во Купот на Холандија,[19] а потоа три дена подоцна додал уште два гола во мрежата на Хераклес Алмело во победата со 3–0 во првенството.[20] Траоре продолжил да биде ефикасен и во вториот дел од сезоната 2014-2015, која ја завршил со 13 гола во 29 настапи во Ередивиси. Враќање во Челси и настапите за првиот тим![]() На 22 јуни 2015 година, Траоре добил работна дозвола да игра за Челси и се вратил во клубот пред почетокот на сезоната 2015-2016.[21] Тој го добил дресот со број 14, кој претходно го носел Андре Ширле. На 16 септември, Траоре го направил своето деби за Челси во победата со 4-0 над Макаби Тел Авив во Лигата на шампионите, влегувајќи како замена за Рубен Лофтус-Чик во 77-мата минута.[22] Своето деби во Премиер лигата го имал на 5 декември, играјќи ги последните седум минути во поразот на домашен терен од Борнмут (0-1).[23] Траоре постигнал четири гола на пет натпревари на почетокот на 2016 година. На 31 јануари 2016 година, Траоре го постигна својот прв гол за Челси во победата со 5–1 над Милтон Кинс Донс во ФА Купот, запишувајќи се во листата на стрелците само пет минути по влегувањето на местото на Диего Коста.[24] Две недели подоцна, откако повторно го заменил Коста, тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во натпревар што завршил со истиот резултат против Њукасл Јунајтед.[25] Коста одморал пред натпреварот во Лигата на шампионите, а Траоре добил шанса од почетокот во домашниот натпревар од Премиер лигата против Стоук Сити и постигнал гол од 18 метри за да го отвори резултатот во ремито 1-1, но неговиот настап бил опишан како „измешан“ поради „неуспехот да ја контролира топката во шеснаесетникот во неколку наврати и непотребно да биде фатен во офсајд“.[26] Вкупно за Челси за време на сезоната 2015-2016 одиграл 16 натпревари и постигнал 4 гола. ![]() Заемот во АјаксНа 12 август 2016 година, Траоре потпишал нов тригодишен договор со Челси, пред да му се приклучи на Ајакс на позајмица до крајот на сезоната 2016-2017, која одново го обединила со тренерот Петер Вос, кој го тренирал во Витесе.[27] Следниот ден, Траоре го направил своето деби во лигата, влегувајќи од клупата на местото на Каспер Долберг во ремито 2–2 на домашен терен против Рода.[28] На 16 август, Траоре го направил својот прв старт во натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите против Ростов, што завршил нерешено 1-1.[29] На 15 септември, Траоре го постигнал својот прв гол за Ајакс во натпревар од групната фаза на Лига Европа против Панатинаикос.[30] Нешто повеќе од една недела подоцна, тој го постигнал својот прв првенствен гол во победата со 5-1 над ПЕК Зволе.[31] На 3 ноември 2016 година, Бос го критикувал Траоре во едно интервју во кое изјави дека „нема ништо лошо во неговиот став, но неговата форма не е добра“.[32] На 8 април 2016, постигнал два гола во победата со 5-1 на гостувањето кај НЕК. Траоре постигнал четири гола во Лига Европа, вклучувајќи два гола во првиот натпревар од полуфиналето против Олимпик Лион; Ајакс стигнале до финалето каде што загубиле од Манчестер Јунајтед со 2–0, а Траоре го одиграл целиот натпревар. За време на сезоната 2016-2017, Траоре одиграл вкупно 38 натпревари во сите натпреварувања за Ајакс и постигнал 13 гола. Олимпик ЛионНа 26 јуни 2017 година, Траоре потпишал петгодишен договор со екипата од француската Лига 1, Олимпик Лион, кој му платил обесштетување на Челси од 10 милиони евра за неговите услуги.[33][34][35] Според договор, Челси имале право за враќање на играчот доколку ја исплатат договорената откупна клаузула и го задржале правото на 15 отсто од сумата што би ja добил Лион како надоместок доколку го продаде Траоре во иднина.[36] ![]() Во својата прва сезона во Франција, Траоре формирал напаѓачко трио со Маријано Дијас и Мемфис Депај, во кое сите тројца постигнале двоцифрен број голови во првенството.[37] Дебитирал за Лион на 5 авгсут 2017, во победата со 4-0 над Стразбур, а својот прв погодок го постигнал на 19 истиот месец, во ремито 3-3 на домашен терен против Бордо. Тој бил надвор од терените поради повреда на лигаментите на коленото од ноември 2017 до јануари 2018, кога се вратил и постигнал гол од слободен удар за резервниот тим во поразот на домашен терен со 3-2 од Шилтигем во четврто ниво.[38] На 18 февруари 2018, тој постигнал два гола против Лил во ремито 2-2 на Стад Пјер-Моруа. Првата сезона во Лион ја завршил со 13 погодоци во Лига 1 и уште 4 во Лига Европа. Следната сезона, тој постигнал два гола со кој му помогнал на Лион да победи со 4-2 во дербито против Олимпик Марсеј.[39] На 23 октомври 2018, Траоре го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, во натпреварот против Хофенхајм во групната фаза што завршил нерешено 3-3.[40] Во финалето на Лига купот на Франција на 31 јули, што ќе се испостави и како последниот натпревар во ова натпреварување, Траоре бил единствениот играч кој промашил удар од белата точка во пенал рулетот, со што му овозможил на Париз Сен Жермен да победи со 6–5 по изведување на пенали откако претходно натпреварот завршил без голови; неговиот удар бил одбранет од Кејлор Навас.[41] Астон ВилаНа 19 септември 2020 година, Траоре се вратил во Премиер лигата на Англија, потпишувајќи договор со Астон Вила.[42] Износот на трансферот не бил објавен, но се верува дека ја чинел Вила околу 17 милиони фунти.[43] Тој постигнал гол на своето деби пет дена подоцна, во победата со 3–0 на гости во Лига купот против Бристол Сити.[44] Своето деби во Премиер лигата за Астон Вила го направил на 28 септември, влегувајќи како замена во второто полувреме во победата со 3-0 на гости над Фулам. На 20 декември, тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата после четири години од неговиот претходен во победата со 3–0 на гостински терен над локалниот ривал Вест Бромвич Албион.[45] На 23 мај 2021 година, во последното коло од сезоната во Премиер лигата, Траоре го постигнал првиот гол на Вила Парк со присутни навивачи од почетокот на пандемијата на КОВИД-19 во победата со 2–1 над неговиот поранешен клуб Челси, во која изнудил и пенал што го реализирал Анвар Ел Гази. Откако во сезоната 2021-2022, поради повреди Траоре одиграл само 10 натпревари за Астон Вила, на 22 август 2022 година, Траоре бил позајмен на една година на турскиот Истанбул Башакшехир со цел да се врати во форма. Дебитирал во турското првенство на 3 септември, забележувајќи асистенција за вториот гол на Истанбул во победата со 2-0 над Аланијаспор на домашен терен. Осум дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за клубот, носејќи му победа од 1-0 на гостувањето кај Бешикташ во првенството, а одличната форма во септември ја потврдил со уште еден погодок во победата со 3-0 на домашен терен над Фјорентина во Лигата на конференции на 15 септември. И покрај оптимистичкиот почеток, неговата авантура во Турција била кратка и неславна бидејќи на крајот од јануари тој се вратил во Астон Вила, откако претходно на почетокот на месецот претрпел повреда на коленото.[46] На 4 април 2023 година, тој го постигнал својот прв гол за Вила по речиси две години, влегувајќи како доцна замена и постигнувајќи го победничкиот погодок во успехот со 2-1 на гостински терен против Лестер Сити.[47] Четири дена подоцна, на 8 април 2023 година, тој повторно погодил, постигнувајќи го првиот гол за Вила во победата со 2–0 на домашен терен против Нотингем Форест.[48] Во сезоната 2023-2024, Траоре одиграл само два натпревари во првиот дел од сезоната. На 12 јануари 2024 година, менаџерот Унаи Емери изјавил дека играчот е слободен да го напушти клубот.[49] ВиљареалНа 1 февруари 2024 година, Траоре потпишал раскинување на договорот со Астон Вила, а потоа потпишал краткорочен шест-месечен договор со шпанскиот клуб Виљареал.[50] Репрезентативна кариераМлади репрезентацииОд младинските репрезентации на Буркина Фасо, Траоре играл за репрезентацијата под 17 години. Како член на оваа репрезентација, тој ја претставувал Буркина Фасо на Светското првенство 2009 во Нигерија со само 14 години, постигнувајќи и еден гол на турнирот во победата со 4-1 над Костарика во последното коло од групата.[51] Две години подоцна, тој бил во составот на Буркина Фасо за Африканското првенство под 17 години,[52] помагајќи и на репрезентацијата да го освои натпреварувањето после победата со 2-1 во финалето над Руанда.[53] Сениорска репрезентација![]() Своето деби за сениорската репрезентација на Буркина Фасо, Траоре го направил на 15-годишна возраст, играјќи во пријателскиот натпревар против Екваторска Гвинеја на 3 септември 2011 година.[54][55] Во 2012 година, тој бил повикан да учествува на Африканскиот куп на нации со само 16 години, а откако настапил во натпреварот против Судан од групната фаза, станал еден од најмладите играчи кој се појавиле во историјата на ова натпреварување.[56] Траоре го постигнал својот прв гол за сениорската репрезентација на 14 август 2013 година, отворајќи го резултатот во победата од 2–1 на гостувањето против Мароко.[57] На Африкански куп на нации 2015, тој ги одиграл сите три натпревари на репрезентацијата во уште едно испаѓање во групната фаза. На неговиот трет настап на континенталното првенство на Африка во Габон 2017, Траоре го постигнал и својот прв гол, во победата со 2-0 над Гвинеја Бисао во групната фаза.[58] Буркина Фасо стигнале до полуфиналето каде загубиле од Египет на пенали (каде токму тој бил еден од двајцата играчи на Буркина Фасо кои промашиле), а потоа во натпреварот за третото место ја совладале Гана со 1-0. На Африканскиот куп на нации 2021, Траоре бил капитен на репрезентацијата. Буркина Фасо како втори, зад домаќинот Камерун, ја минале групната фаза и се пласирале во осминафиналето каде противник им бил Габон; Траоре во 28-мата минута го довел Буркина Фасо во водство, но Габон изедначил во судиското продолжение, па натпреварот бил решен по изведување пенали, а повеќе среќа имала репрезентацијата на Буркина Фасо која се пласирала во четвртфиналето. Таму, Траоре не можел да и помогне на својата репрезентација, но и без него Буркина Фасо го совладала Тунис и се пласирала во полуфиналето, каде како и пред четири години загубила но овојпат од Сенегал со 3-1. На своето петто појавување на Африканскиот куп на нации, изданието во 2023 одржано во Брегот на Слоновата Коска, Траоре реализирал пенал длабоко во судиското продолжение за да му донесе победа на Буркина Фасо над Мавританија во првиот натпревар на турнирот. Во вториот натпревар од групата против Алжир, Траоре повторно се појавил од клупата и реализирал уште пенал за својата репрезентација во ремито 2-2. Откако неговата репрезентација минала натаму, во осминафиналето Траоре постигнал и трет гол од пенал на турнирот, но тој не бил доволен да се избегне поразот со 2-1 од Мали што значел елиминација за Буркина Фасо. Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 17 јануари 2024.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia