Бачилско Езеро
МестоположбаЕзерото се наоѓа во широка вдлабнатина - цирк, источно од врвот Бачилски Камен на источната падина во јужниот дел на планината Кораб, недалеку од главниот срт на протегање на корапската верига. Поточно, езерото е сместено во вдлабнатина под седлото (помеѓу) кое ги поврзува врвовите Бачилски Камен и Бабин Камен. Во научната литература и истражувања ова природно ледничко езеро е познато и под името Езеро Бачилски Камен[1], поради неговата местоположба, односно бидејќи се наоѓа веднаш под истоимениот планински врв. ОдликиБачилското Езеро е постојано природно ледничко езеро кое зафаќа површина од 318 м2. Во катастарот на недвижности, постои посебна парцела именувана како природно езеро Бачилски Камен чија површина изнесува 913 м2 што може да се однесува на поввршината целото корито (басен), додека водната површина, односно онаа која е постојано под вода, е променлива и варира во однос на периодот и временските услови од топењето на снеговите на пролет (април-мај), сушниот и врнежливите периоди во лето и есен, додека зиме замрзнува. Езерото има крушовиден облик, односно заоблен облик со издолженост кон исток на крајниот североисточен брег. На западниот и северозападниот брег има неколку изворчиња од кои дотекува вода, додека самото езеро нема истека. На источниот брег на езерото постои листопадно дрво, како и брег (док) соѕидан од натрупани камења, кој најверојатно се користи од овчарите за втерување овци на капење. Забележително е големото повлекување на нивото на водата во топлиот период, крај на мај и почеток на јуни, кога нивото на водата се повлекува и за 1 метар во период од само 2 недели[2]. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia