Шупла Стена
Шупла Стена — врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.431 метар.[1] Местоположба![]() Се наоѓа во средишниот дел на планината Кораб на главниот срт, во непосредна близина односно на самата гранична линија меѓу Македонија и Албанија. Според местоположбата на врвот Шупла Стена се наоѓа на координатите 41°43'29" северна географска широчина и 20°31'06" источна географска должина[1]. Сместен е на главниот срт на протегање на планината Кораб, помеѓу врвовите Црн Камен (2404 м.) и Дерза (2403 м.) веднаш непосредно на север и превојот Шкртец (2020 м.) и малото зарамнето поле Фуша е Лимует на југ. Во неговата најнепосредна близина, на истиот планински гребен определен со превоите Шкртец и Цигански Проход, со Шупла Стена се и зашилените остри врвови Црн Камен и Дерза, поради што погледнати од повеќе места од далечина тие три врвови даваат особено убава налик „алпска“ глетка. Шупла Стена се одликува со многу величествена глетка, каде источната падина е многу грамадна и огромна, прошарана со бујна трева и сипар од ситни раздробени камења, додека западната е стрмна пресечена карпа при што сртот на самиот врв е многу тесен, карпест и раздробен односно испресечен со провалии од двете страни. Веднаш под сртот непосредно под врвот, помеѓу две карпести плочи кои го сочинуваат сртот, има поголема кружна дупка, процеп која делува и му дава изглед на врвот и самата стена како да е шуплива, што впрочем и самите карпи на врвот се шупливи, поради што најверојатно врвот го добил името Шупла Стена. На постарите топографски карти врвот е запишуван и како Шуплја/Шупља Стена, најверојатно под влијание на југословенското картографирање на српскохрватски, додека во некои пишани извори врвот е познат и како Шуплив Камен[1]. Искачувањето на врвот Шупла Стена е многу тешко бидејќи неговите падини се многу стрмни, при што југоисточната е повеќе тревната, а северната и западната се каменести и земјени каде има опасност од лизгање. Самата највисока точка на врвот е многу тесна, при што на нејзе има место сда застанат највеќе 3 до 4 луѓе. Врвот Шупла Стена може да се искачи по доброразгазената граничарска патека која води и го заобиколува по неговата јужна, источна и северна падина, а најдобрата можност за искачување е по тревнатата југоисточна падина низ малото зарамнето поле Фуша е Лимует, веднаш на неговото југоисточно подножје. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia