Големо Корабското Езеро е природно ледничко езеро на планината Кораб, под самиот врв Голем Кораб[1], во Македонија. Поточно, тоа се наоѓа непосредно на источното подножје под врвот Голем Кораб во најнепосредна близина на водоразделот помеѓу реката Радика и реката Прој Радомирс во Албанија[1]. Сместено на најголема надморска височина 2,470 м[1], со што тоа е и највисокото езеро и водна површина во Македонија. Зафаќа површина од 800 м2 и има длабочина од само 20 см[1]. Неговата длабочина на пролет при висок водостој изнесува 15‐20 см[1]. Езерото се храни со вода од врнежите и топење на снежниците[1]. На североисточниот крај езерото има истека од која потекува главниот изворишен речен ракавец на Длабока Река. Именувањето на езерото како Големокорапско е според неговата местоположба во непосредната близина на врвот Голем Кораб, а не поради одликите на големината, според што тоа е помало од блиското Малокорапско Езеро.
Галерија
Поглед на Големо Корапското Езеро со врвовите Кепи Бард и Црна Чука во позадината
Глетка на Големокорапскот Езеро
Поглед од близу на Големо Корапското Езеро со врвот Кепи Бард во позадината
Поглед на Големо Корапското Езеро со врвовите Кепи Бард и Црна Чука во позадината
Наводи
↑ 1,01,11,21,31,41,5Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“(PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 9 октомври 2019.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)