Бомбардирање на Битола (1940)
Бомбардирање на Битола во 1940 година — бомбардирање на Битола извршено од италијански авиони на 5 ноември 1940 година.[1][2][3] Се смета дека тоа го извршила по грешка италијанската авијација, чија земја неколку дена пред тоа започнала војна со Грција. Грчко-италијанската војна започнала со нападот на Италија од Албанија на 28 октомври 1940, а завршила со нападот на Германија на Грција на 6 април 1941 година.[3] Бомбардирање![]() Иако Кралството Југославија, во чиј состав била Битола, сè уште било неутрално спроти Втората светска војна, на 5 ноември 1940 година градот бил бомбардиран. Денот бил пазарен ден и убав и се смета дека на улиците во Битола имало преку 10.000 луѓе.[3] Токму во најгустиот и најфреквентниот дел, некаде околу 13:45 часот, од правец на Лерин се појавиле три авиони, глетка вообичаена во тоа предвоено време, оттаму и незаинтересираноста на граѓаните. И додека тоа траело, одеднаш заглушувачки експлозии од гранати што ги фрлале авионите, го стресле центарот на градот и неколкуте поблиски улици и ги испаничиле граѓаните. Следувало и жестоко митралирање од авионите, потоа и дожд од челик и камења што се истурил врз покривите на куќите и улиците, па извици од болка на ранети поединци, кое уште повеќе ја зголемило паниката и бегствата низ улиците.[1] Истиот ден околу 2:30 имало и втор напад од трите авиони, но овојпат сирените предупредиле за нивното доаѓање. Вториот бран бомбардирање траел десетина минути, но сликите од последиците биле страшни. Сирените се огласиле и втор пат најавувајќи трет напад, но истиот бил насочен на Лерин.[3] Подоцна било утврдено дека врз градот паднале 21 граната од кои 3 не експлодирале.[1] Загинати во бомбардирањетоВо извештаите за овој настан се објавени и имињата на загинатите и повредените при бомбардирањето на Битола. Загинале следните лица:[3]
Ранети во бомбаридирањетоРанети биле следните лица:[3]
Материјална штетаМатеријалната штета била огромна, од поголемите објекти настрадале (некои помалку, некои повеќе), Железничката станица, Офицерскиот дом, Поштата, Командата на дивизијата (општината), Аеродромот, како и многу поединечни станбени објекти. Настрадал домот на рабинот Романо, домот на д-р Чопи на „Широк Сокак“, Францускиот клуб, една постара куќа покрај црквата „Константин и Елена“ и др. Една од трите неексплодирани гранати паднала врз домот на Маслинкови (ул. „Широк Сокак“ бр. 109), која ги пробила покривот, двете душемиња од катот и приземјето, каде имало берберница и каде неколку муштерии кои чекале ред за берберска услуга и се забила во визбата. Од бројката 400 сопственици кои подоцна добиле некакво материјално обесштетување, може само да се претпостави за големиот размер на штетите што биле нанесени. Веднаш била основана посебна градска комисија која брзо излегла и на терен. Според првичните оценки, штетата изнесувала високи 5 милиони динари.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia