СвињиштеОваа статија се однесува на кичевското село. За битолското, погл. Свиниште. За охридското, погл. Свиништа.
Свињиште — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во јужниот дел на Кичевската Котлина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Дебрца.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри.[2] Куќите на ова село се наоѓаат во две плитки долини, лево од Беличка Река. Околни села се: Брждани на северозапад и Козица на југоисток.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Калуѓерица, Требејнци, Света Петка, Присојница, Солев Камен, Манастириште, Рамни Лаз, Ледина, Калкаи, Ѓутев Лаз, Рамништа, Стојкови Ливади, Гочмајнца, Краста, Колибиште, Црн Камен, Јасен, Драпаиште, Кошари, Плоча, Кочо Рид, Гршајца, Стредојне, Палеј Трлишта, Рамна Краста, Дупало, Јама, Перуника, Стрмол, Богданоа Присојница, Рајко Осој, Голем Дол, Селиште, Црквиште, Бекутинец, Букале, Граорник, Солишта, Грамаѓе, Мартиноа Нива, Кремен, Широки Рид и Рамништа.[3] Селото има разреден тип. Постојат четири маала, Велеско и Караџовско на север, Чорчиоско и Поповско на југ.[3] Селото се наоѓа во областа Долна Копачка, во близина на Беличка Река. Оддалечено е 10 километри јужно од градот Кичево. Низ селото течат потоците Гочмајнца и Селишка. Во долината на Гочмајнца на север се маалата Велеско и Караџовско, додека во долината на Селешка се наоѓаат маалата Попоско и Чорчиоско.[3] Историја![]() Во долината на потокот Гочмајнца, околу 400 метри југозападно од селото се наоѓаат месностите Селиште и Црквиште. Народната традиција наведува дека таму некогаш се наоѓало село Гочмајнца, кое поседувало црква. На месноста Селиште се наоѓаат стари гробови, остатоци од црковни ѕидови и има извор.[3] Називот Манастириште или Богоројчина Храста се однесува на ридот, кој го одделува селото од соседното село Брждани. Народната традиција наведува дека таму некогаш се наоѓале манастир и тврдина. Свињите на тој манастир се наоѓале („лежеле“) на просторот на денешното село. Од изворот кај Селиште била донесена вода за манастирот.[3] Денешното село не е многу старо. Било основано од македонски доселеници кон крајот на XVIII век.[3] Во XIX век, Свињиште било село во Кичевската каза на Отоманското Царство. Стопанство![]() Атарот е мал и зафаќа простор од 4,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 265 хектари, на пасиштата отпаѓаат 100 хектари, а на обработливото земјиште 80 хектари.[2] Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 29 домаќинства со 105 жители христијани (Македонци).[4] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Свињиште имало 360 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Свињиште имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Свињишта се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7] Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Свињиште:[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9] Свињиште е мало село, кое што во 1961 година броело 237 жители, додека во 1994 година имало 98 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Свињиште живееле 57 жители, сите Македонци.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 37 Македонци и 1 лице без податоци.[11] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСвињиште е македонско православно село. Денешното село не е многу старо, основано е крајот на XVIII век. Прв кој дошол бил родот Велевци. Во селото родовите се делат, на родови што си го знаат местото на потекло и родови со непознато место на старина.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Матулевци (6 к.), староседелци; Караџовци (7 к.) и Стамевци (3 к.), гранка на Караџовци, староседелци; Ѓурчијовци (4 к.), доселени се од селото Брезово, кај Битола и Велевци (3 к.), доселени се од селото Брждани.[16] Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Брждани, во која покрај селото Козица, се наоѓале и селата Белица, Брждани, Видрани, Јудово и Свињиште. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0779 според Државната изборна комисија, сместено во училишната зграда.[17] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 39 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[19] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[20] Културни и природни знаменитости![]()
Личности
ИселеништвоРодот Дамњановци (2 к.) се иселиле во соседното село Козица. Во поново време, повеќе домаќинства се преселиле во градот Кичево.[3] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia