Масакр во Долно ЈаболчиштеМасакрот во Долно Јаболчиште е колеж извршен од бугарската војска и полиција врз албанското население од велешкото село Долно Јаболчиште. Настанот се случил на 24 октомври 1942 година, една недела по масакрот во Богомила. Во масакрот биле убиени единаесет селани.[1] НастанВо потрага по Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, бугарската војска и полиција на 24 октомври 1942 година во раните утрински часови влегле во селото. Војниците ги извлекувале селените од куќите и ги собрале сретсело. Од селаните војниците барале да им кажат каде се кријат партизаните и кои се нивни симпатизери и ги обвинувале дека го помагаат партизанскиот одред. При тоа жестоко се пресметале со селаните. Биле тепани и осакатени повеќе лица, а десетина селани, меѓу кои и жени, деца и старци, биле дел искасапени или стрелани, а дел живи фрлени во запалените плевни.[2] И покрај теророт, никој од селаните не ги предал партизаните. ЖртвиУбиени биле следните лица:[1]
Во спомен на масакротВо спомен на масакрот во средината на селото се подигнати два споменика на кои се испишани имињата на убиените. Покрај тоа, постои и низа од десет посебни плочи за загинатите во масакрот. НаводиЛитература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia