Борис Дамјаноски

Борис Дамјаноски
Роден 1914 година
Карбуница, Кралство Србија
Починал февруари 1944 година
Плетвар, Царство Бугарија
Претепан па стрелан од страна на бугарската окупаторска војска
Народност Македонец

Борис Билбилов Дамјаноски ( 1914 во Карбуница1944 во Плетвар) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

По занимање бил земјоделец. Преку активноста покажана во првите ослободителни одбори во селото, станал член на КПМ. Во септември 1943 година, тој се приклучил во единиците на НОВ на Македонија во Групата баталјони, а со основањето на Првата македонско-косовска бригада, станал нејзин борец. Со Бригадата, тој заминал за егејскиот дел на Македонија, во познатиот Февруарски поход. По борбата кај Богомила, бил фатен од бугарските војници кај селото Никодин и по долги малтретирања бил стрелан кај Плетвар-Прилепско во февруари 1944 година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 52.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya