Брег (река)
![]() Брег (германски: Breg) — река во Баден-Виртемберг, Германија и главен извор на Дунав. Долга е 46 км. ОписРеката Брег е најдолгиот и најголем водотек кој го образува Дунав. Тече низ југоисточниот дел на Среден Шварцвалд и низините во регионот Бар. Извира на надморска висина од 1.078 метри, 6 км северозападно од Фуртванген. Нејзиниот извор се наоѓа кај капелата „Св. Мартин“ и е наречен „Извор на Дунав“ (Donauquelle), заштитен како споменик на природата. На околу 100 м југоисточно од ова место е големата европска вододелница Рајна/Дунав. 900 метри понатаму е изворот на Елц, кој тече во истата надолжна долина но првично во спротивна насока, за потоа да се влее во Рајна. Во горниот дел, наречена „Мачкина Угорница“ (Katzensteig), долината на Брег е производ на глацијација, со исклучително низок наклон и предели со шварцвалдски куќи. Тече на исток низ широка и понаселена долина меѓу гратчињата Фиртванген и Деренбах, а потоа свртува на североисток и тече низ осамена шумовита долина, заедно со пат и поранешна железничка линија, денес прилагодена во велосипедска патека. Накратко пред Хамерајзенбах-Брегенбах, во Брег се влева реката Линах веднаш под неговата брана, а во селото кај Хамербах се влева кратка притока која е сепак најважна поради двата големи дотеци. Близу Бројнлинген, Брег се спојува со потокот Ретенбах во вештачкото Кирнбершко Езеро. Овде реката го напушта Шварцвалд и преку Хифинген продолжува кон Донауешинген, течејќи низ пространи предели на висорамнината на Бар. По 46,2 км Брег се слева со Бригах во Донауешинген и така настанува Дунав. Изворот на Брег хидрографски се смета за извор на Дунав бидејќи Брег е неговата најдолга и најполноводна напојница, со сливна површина од 291,5 км2. Притоки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia