Географија на Романија![]() Романија е држава во југоисточна Европа. ГранициВкупната површина на земјата изнесува 238.391 км2[1], и според тоа се наоѓа на 82 место по големина во светот. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија и Црна Гора на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Главниот град Букурешт е најголемиот во државата со 1,716,961 жители.[2] НаселениеСпоред пописот, вкупното население на Романија е околу 19,064,409[3] жители. Густината на населеноста е 93 км2 жители на квадратен километар. КлимаИсточните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Романија е најголемата држава во југоисточна Европа. Голем дел од романската граница граничи со Србија и Бугарија, односно со реката Дунав. Реката Прут ги дели Романија и Молдавија. Во Романија се влева реката Дунав кој ја прави втората најголема и најдобро зачувана делта во Европа. Територијата на Романија е подеднакво покриена од планини и рамници. Карпатите доминираат во централна Романија и 14 врвови се со висина од над 2000 метри. Највисок врв во Романија е Молдавски Врв до висина од 2.544 метри. Позначајни низини се Влашка низина и Молдавија. Климата во Романија е умереноконтинентална, со ладни зими и чести врнежи од снег и дожд. Летата се умерено топли. Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia