Брлево
Брлево — историско село во Гевгелиско, денес на територијата на Општина Гевгелија. Географија и местоположбаСелото било планинско, сместено североисточно од Гевгелија, меѓу селата Серменин и Кованец, крај устието на Брлевска со Кованска Река. Денес местото се наоѓа во североисточниот дел на атарот на Серменин, близу атарската граница со Кованец. Историја![]() За време на Првата светска војна низ селото поминувала бугарска воена теснолинејка на коњска влеча, и тоа на одредиштата Милетково – Брлево – Серменин. Вкупната должина изнесувала 18 км од кои потегот Милетково – Брлево (13 км) и е завршен во јули 1917 г., а Брлево – Серменин (5 км) е завршен малку подоцна истата година. Целта на оваа железница била поврзување на војската (V пешадиска дунавска дивизија) со нормалната железничка линија Скопје – Гевгелија. Пругата ја поставиле 660 лица, а за потегот од Брлево до Серменин се вклучени 280 воени заробеници. Направени се две коњушарници во Милетково и Брлево.[2] НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia