Богородица (Гевгелиско)За други значења на поимот, погл. Богородица (појаснување).
Богородица — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија. Географија и местоположба![]() Населбата се наоѓа во областа Бојмија, на крајната јужна страна на Гевгелиското Поле, на територијата на Општина Гевгелија. Атарот на селото се допира со државната граница со Грција. Всушност, селото лежи на левата страна на реката Вардар, недалеку од автопатот Скопје-Гевгелија, а на самиот локален пат кон Богданци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 55 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 3 километри.[2] ИсторијаСелото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3] Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] Граничниот премин „Богородица“ е отворен во 1973 година. СтопанствоАтарот зафаќа површина од 15,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште со површина од 921,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 397,3 хектари, а на шумите само 43,4 хектари.[2] Селото има полјоделска функција.[2] Населението во Богородица претежно се занимава со земјоделство, особено одгледување на раноградинарски култури. Инаку, во Богородица успешно работи и „Еуропорта“ или "Шимов", фабрика за производство на сигурносни врати и решетки во која има вработено околу 40 луѓе претежно од селото. Во последните неколку години околината на Богородица е посебно привлечна за изградба на хотели-казина. Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Богородица имало 890 жители, од кои 430 Македонци и 460 Турци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Богородица имало 632 жители.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7] Богородица е големо село, со пораст на своето население. Во 1961 година, селото броело 821 жител, а во 1994 година бројот се зголемил на 1.011 жители, од кои 990 Македонци, 17 Срби и 2 Власи.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Богородица имало 1.001 жител, од кои 975 Македонци, 18 Срби, 7 Власи и 1 останат.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 896 жители, од кои 861 Македонец, 1 Турчин, 1 Влав, 1 Србин, 3 останати и 29 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Самоуправа и политикаВо XIX век, Богородица било христијанско-муслиманско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Богородица, во која Богородица било единствено село. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Богородица се наоѓале градот Богданци и селата Ѓавато, Селемли и Стојаково. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Избирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 355 според Државната изборна комисија, сместени во младински дом.[14] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 762 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настаниКултура и спортФК „Галејб АБ“ е фудбалска екипа која се натпреварува во регионалната лига. Традиционален турнир во мал фудбалПо повод панаѓурот 21.09 (Мала Богородица) секоја година се одржува Турнир во мал фудбал за деца на возраст од 9-16 години. На овој турнир секоја година земаат учество околу 400 деца (играчи) или околу 40 екипи од Општина Гевгелија и пошироко распоредени во 3 категории. Турнирот се одржува под покровителство на Градоначалникот на Општина Гевгелија. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia