Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Гевгелија, чиј атар се допира со државната гранична линија со Грција. Селото е оддалечено само неколку километри од градот Гевгелија и припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 120 метри.[2]
На 27 ноември 1901 година, според извештај на бугарскиот трговски агент во Солун Атанас Шопов писмено го известил кајмакамот во Гевгелија дека четата на Иван Карасулијата убила двајца гркомани во Моин бидејќи служеле како скривачи и помагачи на грчките чети.[5]
Во 1917 година, селото било на фронтовата линија, и трите цркви — егзархиската „Св. Архангел Михаил“, патријаршиската и католичката биле уништени. Селаните изградиле нова, но и таа ја доживеала истата судбина во Втората светска војна. Во 1963 година, црквата „Св. Архангел Михаил“ конечно е обновена.[6]
Со почетокот на Европската бегалска криза, најмногу поттикната од Граѓанската војна во Сирија, селото како едно од пограничните села, ја чувствувало кризата. На 14 март 2016 година, се случила кулминација на кризата кога стотина бегалци упаднале преку државната линија на местото каде што не постоела ограда на раздвојување на државната граница со Грција и влегле во селото. Благодарение на брзата реакција на Армијата, бегалците биле сопрени. Настанот се случил како последица на затворањето на т.н. „Балканска рута“ за бегалците и со затворањето на кампот во Сехово.[12]
Проценките биле дека околу 2.100 бегалци, заедно со 72 странски новинари, влегле преку Сува Река, во близина на старата напуштена црква во селото во текот на ноќта помеѓу 14 и 15 март.[13]
Стопанство
Атарот зафаќа површина од 16,4 км2. На него шумите зафаќаат површина од 772 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 254 хектари, а на пасиштата 494 хектари.[2]
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Ума.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Моин се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин, Мрзенци и Ума.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 353 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[23]
↑ 4,04,14,24,34,44,54,6„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 954-9514-56-0
↑Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на XX век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 20.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 јуни 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 137, ISBN 954-9514-56-0