Бугарски споменик (Црничани)
Бугарски воен споменик во Црничани — воен споменик во селото Црничани, околу кој се наоѓаат и гробови каде се погребани војници кои загинале во Првата светска војна. Споменикот бил срушен во 1966 година, додека во 2019 година бил повторно подигнат. МестоположбаСпоменикот се наоѓа непосредно до регионалниот пат 1105, на половина пат помеѓу селата Ѓопчели и Црничани. ИсторијаВо 1916 година, во време на Првата светска војна бил подигнат споменикот висок 7 метри во чест на Константин Каварналиев, на местото каде што тој претходно бил погребан.[1] На 1 август 2019 година, премиерите на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, го откриле возобновениот споменик, кој бил уништен во 1966 година.[1] Покрај главниот споменик, се наоѓаат и гробови на војници од 58. пешадиски полк. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia