Црничани (Дојранско)За други истоимени места, погледајте Црничани.
Црничани — село во Општина Дојран, во областа Бојмија, во близина на Дојранското Езеро. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Богданци. Исто така, селото е сместено недалеку од самиот пат Гевгелија-Стар Дојран.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 210 метри.[2] Селото е сместено во областа Бојмија, северозападно од Нов Дојран. До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105. Историја![]() Атарот на селото е населен уште од младото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Атици во неговиот северозападен крај.[3] Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 10,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 475 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 424 хектари, додека на пасиштата 67 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во минатото во него имало земјоделска задруга, а денес во него работи продавница.[2] Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 23 домаќинства со 17 жители христијани и 55 жители муслимани.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црничани живееле 190 жители, од кои 100 Турци и 90 Роми.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци, 25 до 50 Турци и 25 до 50 Грци.[7] Селото е мало, коешто во 1961 година имало 188 жители, од кои 143 биле Срби, 37 Македонци и седум жители Турци. Во 1994 година, бројот малку се зголемил, поточно на 214 жители, од кои 122 биле Срби, 86 Македонци и пет жители Роми.[2] Присуството на српското население во селото е резултат на колонизацијата на Вардарска Македонија во првите децении на XX век. Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 221 жител, од кои 93 Македонци, 126 Срби и 2 останати.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 189 жители, од кои 116 Македонци, 69 Срби, 2 останати и 2 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Црничани се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Нов Дојран, Сретеново, Стар Дојран, Фурка и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0379 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 168 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Култура и спортВо селото постоел фудбалскиот клуб „Младост“. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia